Александар Блажевски
* Уредникот на естрадниот магазин „Бекстејџ“, откако му се насмеа на предизвикот од пред две години, да направи нов урбан естраден информатор, сега се фаќа во колосек со уште еден предизвик. Backstage.com.mk да биде вашиот прв клик и навечер и наутро. Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беа место од каде официјално сакаше новинарскиот печат да го стави и во својот индекс.
* Од „Ѕвон“ до „Бекстејџ“ долг е патот на успехот. Новинар, водител, уредник се само дел од позициите на кои Блажевски успешно ги докажуваше своите квалитети. Радио, телевизија, весник, пак, се медиумите на кои им посвети и време и внимание и искуство. Сега на ред е веб-новинарството. Блажевски почна како новинар и водител во МТВ. Откако го помина почетничкиот пат, по две години, направи трансфер во телевизијата „А1“. Сега веќе на позицијата уредник и повторно и водител. Седум години во оваа телевизија беа и повеќе од доволни за да побара нова, ама подобра шанса во телевизија „Сител“ во која трета година работи како програмски уредник.
* Сочни коментари, скандалозни текстови, исклучително добри фотографии и брзо, точно и навремено информирање ќе биде мотото под кое уредникот Александар Блажевски ќе го лансира backstage.com.mk веднаш до вашиот „Твитер“. Кликни зад сцената!
backstage@sitel.com.mk
Содржини од овој автор
Често пати сум мудрувал, сум се правел паметен, сум фантазирал а најчесто опонирал кога е во прашање Евровизија...
Прочитано 4549 пати
Колку ли добро ги кешираат оние вечно насмеани фаци на разно-разни топ шоп презентации!? Кога и да се појават, без оглед дали...
Прочитано 1000 пати
МРТВ одлучи без фестивал да ја испрати поп пејачката во Азербејџан...
Прочитано 2826 пати
Времето залади, па реципроцитетно на истото во Скопје по дифолт и парното поскапуе... А во ладни зимски денови тешко под кебе се пишуваат било какви текстови...
Прочитано 2879 пати
Македонија славеше 20 години независност, Фонтаната прсна, Музејот се отвори, Табановце конечно доби две ленти, Лестер Бо и другарите растртија се живо и диво...
Прочитано 23448 пати
Седејќи си на тераса во врелиот, топол и смрдлив Капиштец, со директен поглед на контејнер без две тркалца, а редовно онадуван од две мачки сорта уличарки...
Прочитано 7280 пати