Прочитано 736 пати
0 коментари
19.07.2011 19:10
Ријана ја симна Лејди Гага од тронот
Поп ѕвездата Ријана ја симна од тронот ексцентричната Лејди Гага од социјалната мрежа Фејсбук, според бројот на обожавателите за апликацијата лајк на нејзината фан страна.
Пејачката со хитот „Man Down“ на Фејсбук има 20.000 фанови повеќе од 25-годишната Гага. Додека 23-годишната Ријана има 40.564.905 фејсбук обожаватели, а Лејди Гага 40.543.536 следбеничката на истата социјална мрежа.
Тоа покажува дека популарноста на Ријана вртоглаво расте, но на Твитер сеуште води Лејди Гага, со вистинско име Стефани Германота, на Твитер има 11,6 милиони обожватели, а по неа следи тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер со 11 милиони.