Семејството на ангелите на „Victoria’s Secret“ се збогати со уште еден нов член. Нејзиното име е Jessica Clarkе со потекло од Нов Зеланд. Таа е родена 1993-та година, а со манекенство почнала да се занимава на нејзините 15 години, а веќе на 17 години ги прошетала модните писти на најпознатите модни центри во Милано, Њујорк и Париз. Jessica Clarkе е најсвежото лице на „Victoria’s Secret“ кое ќе го рекалмира најпознатиот женски бренд на долна облека.
„Модните агенти ме забележаа во едно кино. Дури веќе не се ни сеќавам кој филм бев да го гледам иако тоа не беше толку одамна“, раскажала манекенката.
Jessica е првиот модел од Нов Зеланд кој потпишал неколку годишен договор со модната куќа „Victoria’s Secret“, а пред крајот на оваа година во ноември за прв пат учествувала и во нивната годишна ревија која се одржала во Њујорк. Оваа манекенка во Нов Зеланд се занимавала со нетбол, тардиционален спорт кој претставува мешавина од кошарка и ракомет но за разлика од тие два типа на спорт нема дриблање.