Додека одат по пистата во секси гаќички, градници украсени со дијаманти и со крила направени од дијаманти изгледаат спектакуларно. Викторините ангели Miranda Kerr, Adriana Lima, Doutzen Kroes, Erin Heatherton, Candice Swanepoel и други манекенки ги пуштиле снимателите да ѕирнат во нивниот бекстејџ додека се подготвуваат за овогодинешната голема ревија на „Victoria’s Secret“.
Неколку десетици фризури, шминкери, луѓе кои средуваат нокти, боја и пудра за целото тело, неможете ни да замислите што се користат за да на крајот се појават во таков сјај. Делот во кој го бојат нивното тело и шминкањето се извадени од видеото подолу но сепак има и што да погледнете.
Манекенките биле облечени во свилено розеви наметки и возбудливо чекале да бидат средени за ревијата. Miranda позирала покрај градникот со дијаманти кој на ревијата го носела заедно со раскошните крила. Додека Miranda нежно се смешкала на фотографите, Adriana Lima се потпрела на стол и направила неколку секси пози за паметење.