Прочитано 564 пати
0 коментари
20.02.2012 17:09
Jennifer и Casper заедно на карневалот во Бразил
Пејачката Jennifer Lopez заедно со нејзиното ново момче 18 години помало од неа, танчерот Casper Smart кој има 24 години, навистинa изгледа премногу среќно. Во последно време тешко е да се пронајде фотографија на која таа не е насмеана.
Парот за време на Празникот на заљубените уживал во Санта Барбара, Jennifer Lopez е фотографирана со широка насмевка на лицето додека Casper ја лулал на лулашка. Се однесувале како двајца тинејџери кои како за прв пат да се заљубени. Големата разлика во годините помеѓу нив воопшто како да не се забележува.
Откако добро се забавувале со лулашката, заминале на прошетка покрај океан, а роматичното излегување го заокружиле со цртеж во вид на срце во кое напишале „Jennifer + Casper“. Навистина детинест потек на двајцата условно кажано возрасни луѓе.
Нивната љубовна идила ја продолжиле во Бразил, местото кое во моментов е центарот на добрата забава. Вчера тие учествувале на краневалот во Рио де Жанеиро каде заминале заедно со менаџерот на Jennifer, Benny Medina. Парот бил воодушевен од карневалската поворка која се движела на огромните улици низ Рио, а пејачката била добро расположена и постојано ги поздравувала фановите кои ја препознале.