Прочитано 221 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Court Cobain денес би имал 45 години!

Да беше дел од овој свет, посебен како што и бил Court Cobain, фронтменот на култниот бенд Nirvana, денес би имал 45 години. Но, нивните песни остануваат вечни. Тој бил фронтмен, текстописец и гитарист во гранџ бендот од Сиетел со име Nirvana. Со успехот на овој бенд и тој самиот доживеал огромна слава која тешко ја прифатил, затоа што му било тешко да се навикне на сето она што таа го носи.

Courtney Love за прв пат го видела Cobain на еден настап во 1988-та година. Според зборовите на една новинарка, тие официјално се запознале на еден концерт во Лос Анџелес во мај 1991-та година, иако според многу извори се потврдува дека првата средба се случила во Портланд 1989-та година. Од есента 1991-та година тие често биле заедно. Веќе во 1992-та година Courtney забременила и на 24-ти февруари истата година тие двајца се венчале на Хаваите, по завршувањето на турнејата на Nirvana во Австралија. Парот добил ќерка, Fransis Bin Cobain на 18-ти август 1992-та година. Courtney не била многу популарна кај обожавателите на Nirvana, најголемите критичари сметале дека токму таа го користела Cobain за да стане славна.

Court и Nirvana многу влијале на развојот на музиката, популаризирале посебен правец во музиката-гранџот. Во 1991-та година најпозната песна на Cobain кој ја напишал „Smells Like Teen Spirit“ го обележала почетокот на драматичното повлекување на дотогаш доминантни жанрови во музиката во осумдесеттите. Подоцна оваа песна е прогласена за „химна на генерацијата“, а Cobain благодарејќи на тоа ја добил титулата претставник на „Генерацијата Икс“. Други познати песни на Cobain се „Lithium“, „About a Girl“, „Polly“, „In Bloom“,„Come as You Are“,„Heart-Shaped Box“, „All Apologies“и контроверзната „Rape me“.

Court Cobain е првата голема рок ѕвезда која завршила со самоубиство, првото момче од тој свет кое позади себе има потпишано плоча чиј тираж е десет милиони примероци. Освен тоа неговиот избор во животот бил негов личен избор, тој изгубил контрола во консумирањето на дрогата. 
 
 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Slatkaristika teaser
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник