Изгледа ниските температури не им пречеле на ангелите на Victoria’s Secret во провокативна долна облека да се прошетаат низ улиците на Прага по повод снимање на рекламната кампања за новиот парфем на најпознатиот бренд за долна облека.
Erin Heather, Candice Swanepoel, Adriana Lima, Lindsаy Ellingson и Doutzen Kroes ја снимале новата сензуална реклама за парфемот на Victoria’s Secret „Angel“.
Снимале во долна облека на улиците низ Прага, со што предизвикале големо внимание на случајните минувачи, па кој не би ги загледал згодните манекенки и плус во долна облека.
Ангелите веќе го претставиле новиот парфем во Њујорк, заедно со новата колекција на градници, а директорот на кастинг John Pfeiffer нагласил дека за девојките најважна е нивната самодоверба.
„Самодовербата е најважна. Може да бидете најубавата девојка на светот со совршено тело, но ако немате самодоверба и посебност, тогаш никогаш неможете да станете манекенка на „Victoria’s Secret“, изјавил за американските медиуми.
А, еве едно мало потсетување како изгледаше шоуто на Victoria's Secret оваа година...