„Urban Dance“ со особено задоволство ви го најавува 8-то продолжение од серијата на „Greatest Hits“ забави. На 8-ми октомври со почеток во 21 часот на Скопскиот саем започнува „White Dimension Festival“.
На изминатите „Greatest Hits“ забави учествуваа повеќе од 24 диџеи кои настапија во парови (Back 2 back edition). Овој пат од „ Urban Dance “ најавуваат забавата од светски размери како сите досегашни фестивали во бело. Ова ќе биде „White Dimension“ издание особено е важно што секој посетител задолжително ќе мора да носи белата боја во горниот дел од облеката. Тоа значи дека секое лице ќе мора да носи бела блуза, маичка или кошула.
Специјален декор на целата забава ќе биде и осветлувањето исклучиво во бела боја, како и диџеите како и персоналот кои задолжително мора да бидат облечени во бела боја.
На оваа осма по ред „Greatest Hits“ забава наречена „White Dimension Festival“ ќе настапат 12 македонски диџеи: Babura, Bobi, Branchez, Bushava Azbuka, Boogieman, Davor a.k.a One, Dela, Khazar, Marga Sol, Navigator, Nikifor, Satellite.
Влезниците пуштени се во пред продажба во Камарад Рамстор, Бутик Зум-гтц приземје и во Југотон од 1-ви октомври со цена од 150 денари до 6 октомври, а на 7-ми и 8-ми октомври по 200 денари и на самиот влез по 300 денари.