Прочитано 329 пати
0 коментари
11.02.2012 14:23
„Scream Music Festival vol2“ на 17-ти февруари
Иако првиот дел од „Scream Music Festival“ посветен на рок бендовите кој требаше да се случи на 11-ти февруари се откажа поради временските услови за на 18-ти (сабота) февруари, сепак првото загревање ќе се случи со најпознатите клубски диџеи.
Дј Умек, Шарам од Дип Диш, Грамофонџие и нашиот најдобар ДЈ – Никифор ова се имињата кои на споменатиот 17-ти февруари ќе направат вистинска клабинг револуција. Голема клубска журка која после подолго време вистински ќе го здрма Скопје. Озвучување по светски терк, многу светлосни елементи и ласери, ќе бидат пропратните елементи на сетовите на ДЈ-ите кои зад себе имаат блескави кариери.
ДЈ Умек беше изгласан од Beatport за најдобар техно артист, Дип Диш влегоа во центарот на вниманието на светската сцена со својот деби албум, но и со ремиксите на Мадона, Габриел, Шер итн. и сосема заслужено станаа добитници на повеќе „Греми“ награди. Траката „Why don’t you“ ги вивна Грамофонџие на врвот на најпопуларната топ листа – „Британскиот Топ 20“, а хитот „Бразилиан“ го достигна истиот успех. Нашиот Дј- Никифор пак е веќе добро познат во светските клубски кругови и токму затоа тој ќе биде резидент и на овој голем музички настан.
Билетите за втората вечер на вториот „Scream Music Festival“ веќе се по цена од 700 денари, за оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, цената на влезниците изнесува 800 денари. Продажната мрежа на www.mktickets.mk , Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците и за овој втор настан на „Scream Music Festival vol2“.