Прочитано 298 пати
0 коментари
07.02.2012 11:41
„Scream Music Festival“ на 11-ти февруари
Метрополис Арена во Скопје ќе биде местото на случување на вториот по ред Scream Music Festival, кој организаторите Нова Х Идеа го најавуваат за 11-ти февруари. Ареа, Сарс, Негатив, Електрични Оргазам, Санаториум и најголемото изненадување на фестивалот Ласт Експедишн се бендовите кои ќе ја тресат сцената на Метрополис Арена. Влезниците за ова случување ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре.
„Чест ни е што култниот македонски бенд од 90-те- Ласт Експедишн, својот камбек во полн и оригинален состав ќе го имаат токму на Scream Music Festival. Ова ќе биде одлична можност за полмадата публика во живо да ги слушне антологиските Шефе, Ќељав дабар, Без мене, Тину-нину песна, Не е важно, Интервју со скитникот итн. и да го почувствуваат духот на деведесетите“, изјавуваат организаторите Нова Х Идеа.
Цената на билетите изнесуваат 600 денари. За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, билетите изнесуваат 800 денари. Продажната мрежа на www.mktickets.mk , Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците за ова второ издание на Scream Music Festival.