По добрите реакции кои доаѓаат од фановите и медиумите на фејсбук, како и преку сите други социјални мрежи, ќе создадеме настан кој ќе стане традиција за главниот град, во очи на дочекот на Новата година, а секако е важно да се напомене дека станува збор за музички спектакл од кој дел од средствата ќе бидат донирани во болницата во Козле. Актерот Сашко Коцев ќе не води низ овој музички земјотрес, за кој организаторите ветуваат голем лед скрин, добро озвучување, одлична забава, добро познати рефрени, вистински избор за сите оние желни за убаво помината вечер.
Ден пред Новата година, на 30-ти декември со почеток во 20 часот, во спортскиот центар Борис Трајковски ќе се случи вистински земјотрес, ама само музички, ќе биде ова центар на случувањата, кој секако ќе остане запаметен како еден од најдобрите настани кои и се случиле на Македонија и нејзиниот главен град во оваа 2011-та година. Големиот предновогодишен музички спектакл, ќе го тресе Скопје, со сите музички рефрени кои ќе бидат испеани од: Владо Јаневски, Елена Ристевска, Паркети, Тамара Тодевска, Александра Пилева, Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Некст тајм, Токсикологија, Викторија Лоба, Магдалена Цветкоска, Ламбе Алабаковски, Бени – Нон стоп, Орхидеја Дукова и Влатко Лозаноски. Сите музички sвезди со своите најголеми хитови на едно место во иста вечер ќе бидат доволна провокација за сите оние кои сакаат добра забава и убави македонски песни изведени од сите оние кои нешто значат во моментов на македонската музичка сцена.
Актерот Сашко Коцев ќе не води низ овој музички земјотрес, за кој организаторите ветуваат голем лед скрин, добро озвучување, одлична забава, добро познати рефрени, вистински избор за сите оние желни за убаво помината вечер, додаваат организаторите.
Бројот на влезниците е ограничен,тие се веќе во продажба, по многу популарна цена, па така за само 200 денари, ќе може секој од вас да ги види своите омилени пејачи на едно место, во една иста вечер и заедно со нив да ја дочека Новата 2012-та, пред таа официјално да пристигне. Местата каде можете да си купите влезница за овој несекојдневен настан се Југотон, Тобако, Розе веро 2, како и преку продажната мрежа купикартизасе низ цела Македонија.