Прочитано 459 пати
0 коментари
23.01.2012 12:21
Концерт нa Влатко Илиевски 14-ти февруари
Нешто сосема поинакво и несекојдневно случување најавува План Б Продукција и тоа за денот на вљубените ,14-ти февруари. Во салонот на Македонскат Опера и Балет по втор пат ќе се одржи ексклузивен анплагд концерт „Влатко Илиевски и пријателите, ден на љубов и вино“. Гала концертот кој има тенденција да прерасне во традиција оваа година ќе изгледа како претстава, а Влатко и пријателите ќе бидат придружувани од голем симфониски оркестар кој ќе го сочинуваат врвни македонски музичари.
„И оваа година на најубавиот ден од годината, денот на љубовта и виното, заедно со моите пријатели, на публиката ќе и подариме двочасовно уживање, концерт кој ќе разбуди многу емоции, со сензибилитет кој ќе го разнежни секој од нас. Самиот ден ја носи пораката дека љубовта е таа врз која се потпира целото човештво и токму затоа на сцената на Македонската Опера и Балет со изведба на најголемите светски љубовни хитови и најдобрите македонски евергрини, со чашка добро вино, ќе ја славиме токму неа, љубовта“, вели Влатко.
Минатогодишниот анплагд концерт кој се оржа во преполната Универзална Сала беше прв од ваков вид изведен од македонски артист. Како дел од пријателите на Влатко на сцената се појавија Слаткаристика, Миле Кузмановски, Александар Белов, Ламбе Алабаковски, Морал, Трифун Костовски и други.
„Пријателите кои оваа година ќе настапат заедно со Влатко на концертот се негови колеги од македонската, но и од балканската музичка сцена. Нивните имиња нема да ги откриеме сега, само ќе најавиме дека станува збор за врвни музичари и артисти кои со задоволство ги слуша и помладата и повозрасната публика“, изјавуваат организаторите План Б Продукција.
Билетите за овој концерт за уживање, кои би биле совршен подарок за некого, се во ограничен број, а истите ќе бидат пуштени во продажба од среда, 18-ти јануари во Југотон, цвеќарница Розе Веро 2 и Камарад Рамстор.