Не ја пропуштајте најновата верзија на култната хит комедија “Фани Мани” во режија на Коле Ангеловски, овојпат реализирана од независниот Театар 007. Термини резервирани за “Фани Мани” засега се 18 ноември – предпремиера, 19 ноември премиера и 22 ноември прва реприза.
Почетокот е закажан за 20 часот во Универзалната сала во Скопје. Влезот ќе ве чини 250 денари а влезниците ќе ги најдете на билетарницата на Универзална. Актерски доајени ќе ве насмеат до солзи: Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манаскоски, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.
Фани Мани е современа комедија на ситуации која покрај универзалното значење навистина одговара на нашево поднебје и на економската и социјалната ситуација кај нас.
Подгответе се да се смеете до солзи...
УНИВЕРЗАЛНА САЛА
Адреса: Бул. Партизански Одреди бб.
Тел: 02/3245 615
Факс: 02/3117 082