Прочитано 917 пати
0 коментари
06.09.2011 16:39
ДНК со концерт на 24-ти септември
На 24-ти септември во организација на План Б продукција, во Метрополис Арената со почеток во 21 часот, познатото дуо ДНК ќе го одржат нивниот прв концерт.
Како гости на концертот ќе се појават загрепчаните „Connect“, потоа Dj Oli Dobolli попознат како ДЈ-от на Едо Мајка.
Влезниците за овој концерт можете да ги најдете во Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, и Tobacco Together салоните. Цените на влезниците се по цена од 200 денари до 15-ти септември, потоа 250 денари до 22-ри септември, и 300 денари до 24-ти. А, пред самиот влез на врата 350 денари. Вип влезниците ќе чинат 500 денари.
ДНК во моментов актуелни се со нивниот нов видео запис „Дада“ чија музика и анранжман ги направи соработникот на ДНК од Хравтска, продуцентот Марвел, а песната е снимена во музичкото студио на Врчак.