Прочитано 483 пати
0 коментари
31.01.2012 12:03
Четиридневен фестивал за Св.Трифун и Св.Валентин
Св. Трифун и Св. Валентин оваа година ќе можете да ги прославите малку поинаку, и наместо да ги славите посебно сега можете сите заедно на едно место да ги прославите и давата празника. Спојот на вкусното вино и нотите на љубовта ќе може да ги споите, само на едно место и тоа од 11-ти до 14-ти февруари на плоштад „Македонија“. За сите заљубени и сите љубители на доброто вино ќе имаат можност да се забавуваат неколку дена пред овие два празника и тоа со главните музички ѕвезди „Кал Бенд“.
Бенд формиран во 2006-та година во Србија, чиј музички стил го карактеризираат како Рок едн Рома. Правец на музика создаден токму од овие млади момчиња кои имаат настапувано на најпознати фестивали на светско ниво. Покрај нив најавена е богата музичка програма составена од „unplugged“ свирки, трубачи, чалгии, македонски бендови, трибјут за Трајко Каров и Гоце Арнаудов.
Специфичноста на овој настан ќе бидат затоплените монтажни куќички за млади и заљубени парови како и за оние кои групно ќе ги празнуваат овие празници, каде што ќе имаат можност да уживаат во традиционалната македонска храна и пијалоци достапни за сите. Во склоп на ова ќе биде и организиран и базар каде што ќе можат да се купат разни сувенири и подароци.
Овој фестивал има и своја позадина не само што ќе можете да вкусите добра храна и слушнете добра музика, ќе ви овозможи дружба со најблиските пријатели, па и со оние кои се немате видено одамна. За сето ова се погрижи Град Скопје, Малди за Европа и општина Кисела Вода .