Прочитано 1025 пати
1 коментари
06.12.2011 14:20
„Балканско турбо фолк лудило“ на 16-ти декември
Подгответе се за најголемата српско-македонска журка која ќе се случи на 16-ти декември со почеток во 21 часот во Метрополис Арената во Скопје. Сигурно добро би ви дошла малку турбо фолк забава пред Нова Година, малку да се раздвижите и да пеете заедно со популарните Дадо Полумента, Џеј, Џогани и нашите домашни Панки и Рашо.
На сцената на 16-ти декември во Матрополис подготевно е и изненадување од страна на српскиот пејач Шабан Шаулиќ кој по 30 години повторно нстапува во Скопје. Човекот кој беше и остана најголема ѕвезда на овие простори со своите меланхолични нумери, после трите веќе распродадени концерти кои ќе ги има месецов во Сава Центар во Белград, доаѓа на дружба со македонската публика „Краљице мог срца“, „Верујем у љубав“, „Срно моја малена“, „Сине“ итн. ќе бидат само дел од песните кои тој ќе ги изведе на двочасовниот настап со својот бенд на сцената на Метрополис Арена.
Влезниците за настанот се пуштени во продажба во Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Тобако Тугедер салоните низ Македонија, а нивната цена до 5-ти декември изнесува 400 денари. Потоа, до самиот настан на 16ти декември, ќе биде 500 денари, а на врата 600 денари колку што изнесуваат и ВИП влезниците за терасата на Метрополис Арена. Картите за ВИП делот пред самата сцена се со износ од 800 денари. Почетокот на журката е закажан за 21 часот.