Прочитано 1000 пати
0 коментари
16.02.2012 16:43
Ракометот, струјата и снегот
Колку ли добро ги кешираат оние вечно насмеани фаци на разно-разни топ шоп презентации!? Кога и да се појават, без оглед дали цедат сок, вртат на Орбитрек или едноставно се ставаат во хеланки кои топат сарми и чварка со 100 на саат, они оргазмично се смеат. Просто да те фати запек од делотворноста и моќта на понудените производи. Затоа да ви кажам, ама ич не ми е право што мојата омилена од детството Кога заоѓа сонцето, денот што го позлатува… ја ставија у пакет со душеци и справи за абдомен, плус тенџере со едикакво си дно, што не рѓосува. И додека златните дечиња скакаат по уште позлатниот душек, надвор паѓа снег со сто на саат, а Борко ни замина за Немачка. Да ви кажам - браво! Златен човек, злато вреди. И драго ми е за тие 120.000 евра. Успесите во спортот, меѓу другото се мерат и со тоа колку, кој спортист тежи, дефиниција која Ракометната федерација ја заборави па на ракометарите им подели компири, наместо евра. На прес кукаа, како немаат пари, а извадија и цел ферман со дугови, кај се останале заборчени. Туго мори мајко, таман ги уќутевме уседелиците кои ни ја посраа радоста со кошаркарите, со своите ступидни коментари по интернет (пошто од телевизија ги истераа на клоци), сега па овие пукаат во нашите нерви. Како да неможеа да почекаат барем да се изнарадуваме ко луѓе па после да ни објашњаваат дека федерацијата им е у дупка. Или можеби како гладни кучиња чекаа додека ракометарите заслужено добија стипендии од државата, па и овие да се огребат по некое евро да имаат за деловни ручеци и за тапкарошење карти пред сала и следното првенство. Муабетов ми беше дека момците ни покажаа што е колектив. Можда не се најбољи у свет, ама играа ко еден.
Исто ко и кошаркарите. Она што ние неможеме да го совладаме ко лекција 20 години, они го направија за 2 недели. Кој повреден, кој не му тргнал шут, кој добро чуван, ама сите они Македонија. Ај што ние останатите македонци 20 години не сме колектив, ама се плашам дека уште дваесет ќе си останеме шутраци. Таман помислив дека ќе си чукнеме глава после ваквите успеси, ама јок бе брате. Па ние во зграда неможеме да се збереме колективно да чистиме снег, не па да правиме држава. Тој на прв спрат не плаќа лифт пошто не го користи како превозно средство, а тој на дванаести не плаќа чистачка, пошто кај него не било прљаво. И така си останавме без лифт и пуни со лајна, чекајќи само еден комшија барем да го изрине снегот. Спортски кажано, Науме Мојсовски не сака да дава голови пошто Кире Лазаров снима реклами за Пелистерка а него го нема у кадро, Борко не брани пошто он уствари не е од Металург а овие у одбрана сите се од таму, а Дејан Манасков намерно промашуе контри, пошто татко му Пепи, не му дал џепарац за у Ниш. Тоа би било една класична македонска приказна. Затоа и деновиве ми пукна чир кој повеќе чисти снег, дали Стевчо од Карпош или оној младичот од Аеродром. Ако сакаат нека си го соберат сиот снег и нека си го носат по штабови. Нека се заклучат со се него во своите партиски ходничиња и нека се санкаат еден врз друг, ионака нас не санкаат доволно време. Само нека ни дадат нам останатите шанса, барем еднаш да бидеме колектив. Да размишљаме со своја глава и да се организираме самите себеси за нас да ни чури оџакот ко што треба. Тука нормално не мислам на оние мастурбатори кои дремат на интернет и гањаат поштен свет за да му стават етикета дека е ваков или онаков , пошто немаат фатено цицка на голо со векови. Мислам на здрава нација која мора да се научи да размишља со своја глава и да разбере дека нема ќар да не пие ракија, да не води љубов и да не гледа Лига шампиони со цура која е од друга партија. Затоа вечната кавга во мојот роден град помеѓу Стевчо и сите останати ја доживувам исто како и глупите коментари против ракометарите и кошаркарите. И само затоа петтото место е толку големо драги мрчатори, кои редовно не потсетувате дека не е прво. Затоа што е животна лекција, која ако не ја научиме ќе останеме и без ракија и без секс, а богами и без струја. Ни фали само уште еден шут кон голот, за да се разбудиме посреќни. А животот ќе не дочека со радост, онаква радост каква на два пати видовме на Плоштад Македонија и ширум Македонија. Затоа одамна веќе не наседнувам на провокации од типот на скопјани и провинцијалци, каури и шиптари, наши и ваши, комуњари и Бугари. И баш ме заболе патка дали Бранко е пијаница а Ник не знае да каже Р. Затоа да се фатиме на орото, да не кукаме дека надвор е камен ладно, туку да се фатиме за лопати. Или да го цитирам Пантиќ во Тесна кожа: Да узмемо гомљиву мотку, другови! Да не чекаме Стевче и Коце да ни ги исчистат улиците. Затоа што политичарите се одлика на народот. А политичарите се мрзливи
кај нас. Лесно е да се седи пред компјутер и да се плука противникот, доблесно е да се стори нешто за својата земја, но и за себе. Затоа оставете го Фејсбук на момент и насмевнете и се на природата. Радувајте се на снегот, виртуелниот пријател заменете го со вистинско кафе, а порно сајтовите со реално водење љубов додека снегот паѓа. После, ако немате лопати, ѕирнете телешоп, таму ве чекаат брдо стварчици кои не служат за ништо друго освен за ринење снег…