Македонија славеше 20 години независност, Фонтаната прсна, Музејот се отвори,
Табановце конечно доби две ленти, Лестер Бо и другарите растртија се живо и диво, Груевски го оддржа маратонскиот говор и се надмина себе си, Бранко не дојде, а јас останав со кафето во рака! Сркајќи и чудејќи се како во оваа земја на чудата е можно со векови да не прдне ни гуска во лет, а за само седум дена да се десат така големи работи. А таман се навикнав дека животот го прават малите нешта! Така ме лажеа во школо кое го учев во времето на транзицијата и најпрекрасната приватизација евер изведена на Земјината топка. Дека не е така страшно што татко ти е технолошки вишок а мајка ти традиционален загубар, важно е убавината да ја најдеме во мали нешта, пошто нели дури и најлуксузните парфеми се продаваат во мали шишенца! Такви ми ти беа тие прикаски тогаш, иако дефакто и во тоа време никој не сакаше пионерки со мали боски, напротив баскетите беа и останаа во мода. Сите ги голтавме големите, ко дебели кришки со тенок Добро јутро маргарин и млеко од кеса! И така навлечен на прикаските за малите нешта кои нели животот го прават поубав, право да ви кажам седмицата зад нас ми предизвика сериозни здраствени проблеми. Голема фонтана, Голем музеј осветлен од сите страни, Голем автопат и конечно Голема репрезентација! А јас така навлечен на мало и ситно! Незнаев што попрво да видам. Дури и оние двокатни автобуси бре големи. И немојте да мислите дека муабетов ми е да ги испофалам проектите на Преродбата, пошто на крај памет ми е да им зимам леб на Јанко и Миленко, поентата ми беше дека ипак многу големите нешта не треба да ни го одвлечат вниманието и да ги баталиме малите. А јас бев со кафето во рака, ако памтите пошто по навика бегам од темата... Додека ги шмркам и последните траги талог ја читам последната малечка многу ситна и небитна колумна на некогаш интересната развлекувачка на зборови на А1 Билјана Секуловска во Вест! Тие што не ја прочитале дотичната морам за жал да ги линкувам на
http://www.vest.com.mk/ItemID=9242A28897589549AC04913689C2C8F3.
Кога македонските херои стасаа на аеродромот кој таквите ко Биленце не го ни викаат Александар Велики, прво што кажаа, беше дека секогаш по секој натпревар, било да победиле или изгубиле, ја пееле неофицијалната нивна химна Излези Гоце... Истата таа химна која Биле ја смета за врв на окупација... Во продолжение на нејзиниот гротеска од текст си игра патлак со стиховите од песната, сакајќи да биде интересантна со луџето со јако Џ, за кое смета дека ја прави паклена женска! На времето таквите цури кои неможе да ги задоволи никаков туЏ успех во маало ги викавме или мочли, или туфли, ама бидејќи имам респект дека е жена во годинки ќе го употребам терминот уседелица! На оваа уседелица и се сите криви, па откако виде проблем во све и живо и диво на оваа власт, која рака на срце не е идеална, се фати и за успехот на кошаркарите, па трн во око и е Гоце и Солунското поле. Е па драга уседелицо, навивачките песни ако не си знаела додека си ги чекала инструкциите од стаклената зграда, се прават спонатно меЏу навивачите и меЏу обичното човечанство. Така и оваа навивачка песна, настанала спонтано, а никако дека некој ја темпирал ниту за кампања, на која ти си навлечена, ниту за првенство кое никој и незнаеше дека ќе догура до тука. Можеше ли барем во недела на 20 години независност и историски спортски успех еднаш ама барем еднаш да напишеш нешто позитивно. Нешто што барем кај некој од твоите читатели ќе пробуди насмевка, наспроти твоето увек намргодено лице! Па побогу аман, до кога ти и твоето се помало друштво, дури и на убави моменти од општествениот живот ќе не труе со гола политика. Ако од дното на душата го мразиш Груевски, сакај се бар самата себе и луЏето околу тебе. Дозволи им на твоите читатели трошка веселост во твоите текстови. Во моменти на радост и уживање не се битни ни Груевски, ни Гоце ни Полето Солунско. Ама приметна е твојата злоба и јад за се што ќе и тргне добро на оваа граЏанска земја. Затоа одмори не жити се уседелицо! Одмори се и себеси и нацијата. Одмори го и другар ти Горан што те објавуе на другарски принцип у новина! Собери сила и енергија за нови победи, ама само на твоите дечки, на твоите луЏе! А до победа нивна има и да се изначекаш, онолку колку јас го чекав твојот лидер да се појави на Плоштад со граЏаните, а него го немаше! Затоа вие сте мали луѓе. Се помали. Да не кажам Џубриња!
П.С. Жално е што еден млад живот се поистоветува со црни и мрачни текстови... Можеше две три реченици
ведрина барем во негова чест!