Прочитано 2879 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Гоцева раса втор дел...

Времето залади, па реципроцитетно на истото во Скопје по дифолт и парното поскапуе... А во ладни зимски денови тешко под кебе се пишуваат било какви текстови, најмалце па колумни, на кои едвај чекаат сите стручњаци мајке да ти се наебат, да ти опцујат се до трето колено, да ти залепат милион етикети, или барем уште еднаш да те испрскаат по фаца ко Џена Џејмисон. Во моето претходно злодело на истиов сајт, кога пишував на тема која дефинитивно не им беше по ќеф на високоинтелегентните елити кои за пред знак секогаш за себе зборуваат во трето лице еднина, а наменето за особа блиска на нивното опкружување, не ни помислував дека можам до толку да ги погодам у шупак, да освен све горе претходно наведено ми дадат до знаење дека тркалото се врти... Незнам а и не сакам да знам за какво тркало стануе збор, ама пошто со внимание ги читав, а сакам да нагласам не ги бришев, коментарите упатени на моја сметка, да им дадам уште некоја идеја како можат да си го пополнат времето дремејќи пред компјутер. Пошто дефакто појдовна тема на муабет беше Гоцевата раса, во која што европските, геј френдли, евроатлантски, гзонудачи од персони препознаа расизам, фашисоидност и што е најважно препознаа одалечување од некогашниот евроатлантски пат убедени дека е разгазен од дружината Братско стебло, си викам ај иако е ѕивра да им наметнам уште една дилема. На старт да се извинам на фамилиите на покојните кои овде ќе бидат споменати, а кои ќе им послужат на елитите да речат: да ова е криминал, криво је море! Да морето Егејско и освојувањето на Солунското поле. Пошто нели тоа е порака која никако не смее да ја чуе светот, ама мора да допринесе овие дечкиве да паднат од власт... Дека не им смета само навивачката песна што гордо ја пееше спобудалената маса на Плоштадот Маршала Тита, кои овие побудалениве си го викаат Плоштад Македонија, во прилог уште неколку фашисоидни текстови кои можат одма да се однесат кај Лепи Фуле, на некоја маса, округла дапаче и да се воскликне во транс дека во Македонија нема демократија само скренати националисти! Тргаме со ред. Прво народњаците. На елитата и предлагам одма, ама сместа одма, еден од доајените на новосоздадената песна Гоце Николовски да се прогласи за лидер на фашистите такозвани наци воџа и тоа се разбира постхумно. Мајку му, што ли он сакал да каже кога на Валандовскиот фестивал пред таа скупина дебила која плачела на текстот, јавно и бесрмано, без никаква почит кон Шакирмалакацакис и останатите европејски дејци, ја повикувал рајата на блуд и сакал да ја застрани од европскиот пат. Што ли само сакал да каже со стихот: плаче срце од три страни, што крвави многу години!? Какви се тие три страни побогу!? Како ли само се осмелил под Бисер балкански, да се обиде да помисли и да сплоти Пирин, Егеј син, со бистри води Вардарски!? Дрскоста и безобразноста на оваа сега веќе неподобна личност од поновата македонска историја мора под итно да се достави во европските комисии, а секој што барем еднаш ја изиграл пропагандистичката песна на било која свадба или крштевка, да му се скрши по една нога и присилно да се натера два месеци по дома да ја слуша само Инсјеме од Тото Котуњо додека не се посере од Јунајт, јунајт Јуроп! Кога сме кај народњаците, елитите не смеат од под око да ја испуштат ниту извесната Славка Младеновска која на времето провоцираше со блудни текстуално провокации. Извесната госпожа се терети за тешко кривично дело: нанесување на душевна болка на елитата поради тенеденциозното потсмевање на Фуленце во дел од песна! Во текстот во кој истата се запрашува: Дали сум пиринка, пиринка, егејка, егејка, вардарка, јас сум македонка директно не оддалечува од евроатлантскиот пат. Пред да се соберат дужегрижните новинари одма во Брисел, само да дополнам дека истата бесрамничка, во истата фашисоидна песна порачува дека е убава, ами не од друго туку затоа што била ко пиринско цвеќе расцутена, од егејско сонце огреана и од вадарска вода полеана... што е уште еден доказ дека Груевски уште деведесеттите ја подгревал масата да скрене од вистинскиот пат и директно учествувал во антиевропската агенда. По народњаците, доаѓаат и забавњаците. И тоа не било кој туку најголемата македонска музичка ѕвезда. Барам веднаш да заседаваат на Бихаќка за кој тоа Александар се пее во навивачката химна која упорно ја форсираат провладините медиуми, нали!? За кое тоа едно сонце на Александар и на кој тоа нас бескичмењаци ни свети во градите? Не смеам ни да помислам од кај идејата за моментот: нека знае сега светот за нас македонците??? Мислам дека наведов доволно од една причина зошто треба повторно да се вклучат алармите. Гоцевата раса со се тераса на балкон, или балкон на тераса, е детска играчка. Само да потенцирам дека песниве, не се народни, и не се пеени пред 90 година, што би рекло дека следбениците на Грујо влечат корени од независна Македонија. Зад овие песни, стојат конкретни пејачи, и автори на музика и текст со име и презиме. Незнам елитата што ќе превземе и како ќе ги казни инволвираните страни, со оглед на фактот дека двајца од посочените тројца се одамна починати, но тоа не ги амнестира од одговорноста што еве денес ние живите никако неможеме ради нив во Европа! Парното можно е да не поскапе, барем така се највува деновиве, но елитата не е можно да се откаже од самопонижување и омраза кон сопствената нација, јазик, име и култура за добар кеш. Жива среќа што овие персони не се онолку бројни колку што Грчка дужи по светот и дома! Затоа парното го исклучувам дефинитивно, а и дефинитивно се збогувам од трошење време и струја на таквите ко Билјана Секуловска... Завршувам со беспотребно дрнкање со еди кој си комуњарски пендреци кои квачат на интернет со Мековите од мама и тато. Се насмевнувам на животот со помислата дека не ми се брза да ги видам од близу Саркози и Берлускони, доволни ми се нивните гафови на Ју Тјуб. Наместо да се гњавам со глупости одам на по една жолта со шопска во Идадија. Традиционално со фашистичката песна Вардаре Егеј кај ти е!?

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Gurman Fest Plostad Makedonija 17-20 maj 2012 godina
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Поврзани содржини

Фоторепортажа

Видеопотсетник