Мала онлајн лектира
Статија
Прочитано 1349 пати
0 коментари
25.01.2012 11:13
Четири венчавки и погреб
Видиш годинава ни почна со погреб , месецот ни продужи со венчавки, крстот во Скопје се фаќаше без Коце...Во Прилеп без вода, наводно во Цептер го фрлале...возљубениот лаптоп од премиерот, свештеникот го стави во молитва, Исус на десктоп, неговата реченица на Скринсејвер.ЕНТЕР.
Па да почнеме со први.
Нашиот прв претседател се упокои на 1-ви јануари. Со стил, во сон, ни позицијата да ја загрижи ни па опозицијата да ја офајди. Да не има после вие го лечевте, вие го убивте. Е нцки. Киро не дава да се прават пи-ар тефтери со негово име. Ем ги зезна сите. Сакам приватен погреб напишал. Ами како. Не може бе кај Киро на погреб да си ги мерат икебаните и венците. Н-е- м-о-ж-е, Киро може не гледаше на едното око ама за некои работи бил и видовит и имал очи на тилот.
Па продужуваме со истото темпо...
Објавија оти умрел Бон Џови... човекот култрно демантираше со фотка до новогодишната елка, е ама кога објавија оти човекот, пола човек пола бајпас, Аца Лукас наводно „Је страдао у саобрачајној несречи„ Лукавиот по српски им се најеба на душегижниците, ем сочна пцовка ем посочна клетва.„Да бог да, да вам певао на сахрани и то гратис!“.
Имаше вест дека и АБ е пред умирање...
Наводно во АБ канал немале на што да се греат па ќе го затвараат. А, ако погледнете подлабко во секој член од фамилијата на абевци ќе ви стане јасно. Во секој поединечно лежи по некое ребро...не од топлификација, од МИК Свети Николе.
Во Битола снег....
Битолчани се смрзнаа -26, али битолчанки се уштедија на шминка, на толку ниска темепература по 4-5 дена му стоеше римело и пудрата на фаца, не се размачкува...
Венчавки
Се дигна фама за дијамнтскиот прстен подарен јавно на храбар, доброчуден и симпатичен начин. Хејтерите се потепаа да укажат оти било местенка... и да било бе, им се може...
Да не заборавиме кој прв почна... и да бидеме реални, боље прстен на рака него прстен во вегета...
Прстени јавно добија уште две на истиот медиум, не броејки ја Хатиџе Султан, она е од друга фрекфенција не влага во статистика ама ради насловот ќе ја преброиме. Значи вкупно четири.
Хи ис бек:
Ај сега, пројдоа постите да се вратиме на саламите..најавата е иста само он е на друга бројка...вук телевизију мења ала саламу никада.
Честитка:
И сега да ви посакам успешна година. Дај боже следниве месеци да ви се погодат ко што на Алачка и се поѓаат рецептите...мх,мх,мх...