Ново освежување на македонската рок сцена е кумановскиот рок бенд „EP10“ или ако сакате „Ептен“. Рок состав кој го сочинуваат четворицата млади членови Дарко Трајковски вокал, Александар Крагевски на соло гитара, Синиша Думановски бас гитара и Милош Крагевски на тапани.
Овој рок бенд настанал во февруари 2010-та година во Куманово, за чие име има интересна приказна. „EP10“ претставува игра на букви и бројки, кои читање на англики јазик звучно се поистоветува со македонскиот збор (турцизам) кој се користи како придавка за суперлатив (многу, најмногу). Името го следи глобалистичкиот тренд на англизми, а во исто време ја содржи и локалната традиција и историја.
Првиот настап на овој бенд бил под старото име „KuRiders“, и тоа интернационале настап кој се случил во март 2010-та година во Загреб во еден култен клуб на „Здружението на хравтски музичари“- „SAX“. Таму ги забележува хрватскиот продуцент Рејхан Окановиќ кој станува и продуцент на нивниот прв самостоен авторски албум насловен под името „Доста е“. Албумот е снимен во студиото „Prophaganda’s“ во Загреб во периодот од јули до декември 2010-та година, кој го сочинуваат осум композиции. Комплетни автори на најголемиот број од песните се членовите на „EP10“. Како гости-автори на албумот се појавуваат Кирчо Арсовски, композитор и фронтмен на македонската група од Куманово ТБ Трачери, Дарко Даутовиќ хрвастки радио водител, композитор и гитарист на загребскиот бенд Q-pack, Рејхан Окановиќ композитор, продуцент и гитарист на загребскиот бенд „Prophaganda“. Како гостин изведувач на една од композициите се јавува Арбен Шаќири- Бени познат како композитор и вокал на групата Нон Стоп.
Наскоро ова ново рок освежување најавува своја промоција на нивниот најнов видео запис, и секако тоа ексклузивно ќе можете да го погледнете само во естардниот магазин Backsatge. А во продолжение слуштене како звучат овие момци...