Македонската ракометна репрезентација утре во 14 часот пристигнува на Градскиот плоштад во Скопје, а Бекстејџ ве повикува сите заедно да ги дочекаме луѓето кои уште еднаш не направија горди. Хероите кои од аутсајдери не направија фаворити, големите кои ги надиграа и најголемите... Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Борко Ристовски, Стевче Алушовски, Стојанче Стоилов и сите останати кои своето срце го оставија на паркетот за 5-то место во Европа и квалификации за Олимпијада... За радост на нацијата, Фалангата, Македонија... За радост на сите нас.
Да ги дочекаме онака како што заслужуваат, како вистински херои. Времето е студено, но нашите срца топли и горди. Благодарение на овие момци наскоро и светот ќе слушне за Гоцевата раса, да им се заблагодариме како што доликува и да ги пречекаме достоинствено!!!