Прочитано 358 пати
0 коментари
22.02.2012 15:21
Во недела „Vodno Snowbording Jam“
Адреналин и музика на едно место, недела 26-ти февруари на локација Милениумски крст, Водно со почеток во 11 часот ќе одржи така наречениот „Vodno Snowbordin Jam“. Освен што ќе може да бордате секако за оние со искуство и љубители на овој екстремен спорт, за остантите ќе има и добра забава поткрепена со Dj Goce, Dj Chris La Cro и Dj Lafrantique. Одлична можност една досадна недела да поминете на чист воздух со добро друштво, со оглед на тоа што за викендот најавени се одлични високи температури.
Сноубордингот претставува зимски спорт кој спаѓа во групата на екстремни спортови, што значи дека е опасен. Претставува некој вид мешавина помеѓу сурфање и скејтборд. Карактеристичен е, бидејќи на лицето кое управува со бордот двете нозе му се фиксирани за него, и мора да има извонредно чувство за рамнотежа. Обично овој спорт не се прави на долги патеки, туку на кратки но опасни патеки, проследени со ризични скокови на одредена висина, или над одреден предмет, а понекогаш се поминува со бордот и по предметот. За вакава локација важи Водно, па затоа и тоа е местото каде што во ќе се одржи „Vodno Snowbording Jam“.
Затоа во недела сите на бордaње на Водно додека не ни се стопил снегот!