Во пресрет на утрешниот натпреварот Металург-Борац, со почеток во 18 часот естрадниот магазин и Ракометниот клуб Металург ви подготвија изненадување. Имавте задача да одговорите точно на поставеното прашање кое ќе ви овозможи да си добиете маичка од Металург со потпис на еден од ракометарите на нашиот ракометен првак и тоа лично врачени од нив. Точниот одговор на прашањето Од каде доаѓа РК Борец, беше Бања Лука. Но уште еднаш ќе ве потсетиме на напомената.
НАПОМЕНА: Напоменуваме дека средствата од овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Металург во соработка со ортопедската куќа Bauerfeind и медиумските партнери, весникот Нова Македонија и Backstage, овој пат ќе набавува опрема за потребите на лицата од Дневниот Центар за лица со церебрална парализа Скопје. Поради тоа за овој натпревар нема да има гратис влезници. Backstage и Металург ви подаруваат маичка и можност истата да ви ја врачи омилениот ракометар, а влезницата за натпреварот по цена од 50 денари треба да ја набавите сами на касата на сала Автокоманда.
Тројцата кои ќе бидат дел од овој натпревар и ќе си добијат маички со потпис се:
1. Славица Николовска
2. Јовица Пауновски
3. Виктор Ноевски
За деталите ќе ве контактираме телефонски.