Во духот на ракометната треска по повод Европското Првенство во ракомет, Backstage ви претставува ексклузивна фотосесија изработена од фотографот Димо Попчев како поддршка за нашите ракометари.
Инспирирани и од фотографиите кои ги испраќате на нашата фан страна на фејсбук
https://www.facebook.com/BackStageTVSitel, за средба со еден од ракометарите на нашата ракометна репрезентација, манекенките Неда Кузмановска и Тамара Чуприна во црвено жолти дресови и навивачки реквизити навиваат за Македонија. Одлична можност и да ѕирнете во студиото на естрадниот магазин зад сцената Backstage. Повеќе детали како помина фотосесијата во 19 часот и 40 минути на Сител Телевизија, како и атмосферата токму пред стартот на натпреварот Македонија -Србија од „Белградска Арена“ загревањето на македонските навивачи пред вечерашниот натпревар со почеток во 20 часот и 15 минути.