Ново изненадување кое што се појави на YouTube, нешто што толку моќно звучи. Младата охриѓанка Мартина Блажеска ја преработила песната на John Mayer „Stop this train“. Таа самата свири на гитара и пее, а придружувана е од нежните звуци на пијаното. Мораме да признеме дека поседува одлични гласовни способности. Оваа снимка е снимена во музичкото студио на Даниел Јовески „Sustain Entertainment“.
Ако овие гласовни способности ги поседува со само 16 година, на Мартина и се предвидува светла кариера. Средното музичко училиште ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“ од Струга е местото каде оваа девојка го школува нејзиниот глас во класата на Дамјан Пејчиноски кој е еден од најдобрите гитаристи во Македонија. А сега подгответе се да слушнете нешто што е наше, а толку светски звучи...