Прочитано 428 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Словенија виза за на Олимпијада

Денес со почеток во 15 часот и 15 минути стартува последниот натпревар од Европското првенство во ракомет за македонската ракометна репрезентација. Натпревар кој ќе го играме против Словенија, а петтото место е виза која ќе не однесе на Олимпијада. Денес е петок убав ден за победа и одличен да го започнеме престојниот викенд со славење.

Вестите кои пристигаат во светските медиуми се во наша корист. Еден од најдобрите ракометари во редовите на Словенската ракометна репрезентација Матеј Габер поради повреда нема да биде дел од овој натпревар. Тоа е уште еден плус за нашите ракометари и олеснителна околност полесно да ги поразиме Словенците.

Македонската публика која ќе биде на трибините во „Белградска Арена“ ќе биде сведок на уште еден успех на нашите спортисти. По четвртото место на нашите кошаркари на ЕП во Литавнија ова е нова шанса за македонскиот спорт. Се надеваме повторно ќе бидеме најбројни и најгласни на трибините, а сето тоа ќе го крунисаме со петтото место на ЕП. А оние кои не заминаа за Белград, Сител Телевизија е фрекфенцијата на која треба да се стационирате, да ги подготвите реквизитите за навивање и во 15 часот и 15 минути да навиваме за Македонија.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Ballantine
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex

Фоторепортажа

Видеопотсетник