Прочитано 3285 пати
0 коментари
20.02.2012 13:25
Симона Попоска новата екслузивка на „Горила продукција“
„До крај“ е новата песна на младата и таленетирана Симона Попоска, која овие денови сними и видео за истата. Симона е новата екслузивка на „Горила продукција“. Музиката и аранжманот на оваа песна се дело на Гоце Симоновски, а текстот на Роберт Матовски. Спотот за песната „До крај“, се снимал на неколку локации во главниот град, авторите и креаторите на ова видео издание, се Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска. Приказната во спотот тргнува од оној тинејџерски стил, каде преку фризура, шминка и костими се запазени светските уметнички стандарди, а истото се однесува и на самата сценографија и реквизитите кои се користеле во овој спот.
„Многу сум задоволна од снимањето и од приказната која заедно со Дади и Нена ќе им ја раскажеме на сите, сакам ова да биде убава година за мене, покажувајќи и на публиката дека не случајно ги чекам своите пет минути повеќе од две години“ изјавила младата пејачка Симона Попоска.
Деталите за тоа како се снимаше спотот на Симона, ќе можете ексклузивно да погледнете веќе утре во естрадниот магазин Backsatge.
.