Прочитано 786 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Петто место за Македонија на ЕП

Крајот го краси делото!-не за џабе кажал народот. Македонија успеа да јa порази Словенија со 28:27. Македонската ракометна репрезентација стави печат на она што успеа досега да го покаже, петто место на Европското првенство во ракомет. Натпреварот со Словенија одлучувачки, дали Македонија ќе продолжи на квалификации за Олимписките игри во Лондон. За овој успех на македонските ракометари секако заслужна е и македонската публика која до крај ги бодреше ракометарите.
 
Иако на овој натпревар со Словенија беа во помал број на трибините повтроно беа најгласни. Првото полувреме започна со водство на Словенската ракометна репрезенатција со два гола предност, но веднаш потоа Филип Лазаров ја намали оваа разлика. Во првото полувреме четири седмерици беа досудени за Словенците од кои само два успеаа да ги изреализираат, за нас само два кои успешно ги изреализиравме. При крајот на првото полувреме успеавме да видиме малку поинтересна и динамична игра на нашите ракометари, за да поведеме со четири разлика 16:12 за Македонија.

На почетокот на второто полувреме Словенците успеаа да го израмнат резултатот 18:18, па за момент и да поведат но сепак исходот беше победа на Македонија. Поголема среќа на Словенците може да кажеме дека им донесоа 9-те седмерци досудени за нив. Лазаров успеа во 23-та минута да даде гол кој му донесе титула најдобар стрелец на ова Европско Првенство. Одлично одиграна игра со оглед на повредите на македонските ракометари кои ги стекнаа во изминатите натпревари. Браво за борбеноста на нашите ракометари и огромната поддршка на македонската публика. Следен предизвик Олимпијадата,  и уште еднаш да покажеме дека Македонија има најдобра публика во светот. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
HAvana
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex

Фоторепортажа

Видеопотсетник