Денес во претседателкиот апартман на хотелот „Стоун Бриџ“, се одржа вип промоција за одбрaни новинари на новиот видео запис на Орхидеја за новата песна „Одведи ме“.
Спотот е снимен во Белград, под режисерска палка на Дејан Миличевиќ. Во спотот Орхидеја можете да ја видите во различни аутфити, кои го носат потписот на Дејан Миличевиќ.
Песната е снимeна во студиото на Јованов Рекордс, музиката и аранжманот се на Јован Јованов, а текстот е на Елвир Мекиќ. Ексклузивната промоција на спотот можете да ја погледнете тука...