Атрактивната пејачка Орхидеја подготвена по вторпат да ги освои македонските топ листи. Овојпат, нема да сврти погрешен број туку ќе побара да ја одведете.
„Одведи ме“ е песната на која работеше истата екипа, Јован и Иван Јованов и Елвир Мекиќ. Песната се снимаше во студиото на Јованов рекордс. Она што backstage.com.mk успеа да дознае е дека видео приказната за „Одведи ме“ ја работат вистински професионалци од Белград и промоцијата на новиот летен хит се очекува наскоро.
Орхидеја ја запознавме во музичкото шоу на Лила „Мојата ѕвезда“. Малечкото девојче порасна со хитот „Погрешен број“. Сега време е да зачекори во светот на возрасните и мирно и во нејзин стил да ги освои и младите ама и оние повозрасните. За Бекстејџ ќе изјави дека е презадоволна од песната и очекува дека „Одевди ме“ во најмала рака ќе ја доживее славата на „Погрешен број“.
Едно е сигурно, македонската музика побогата за уште есна песна од глас кој што воодушевува! Подгответе се добро за новиот летен хит! „Одведи ме“ на Орхидеја...и летото може да почне! Естрадниот магазин Бекстејџ и овојпат привилегиран. Од студиото на Јованов директно на backstage.com.mk, премиерно слушнете ја новата песна на Орхидеја: