Прочитано 974 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Од утре во продажба влезниците за „Kings of Strings“

Од 22-ти февруари, среда во продажба ќе бидат пуштени влезниците за концертот на супергитарското трио "Kings of Strings" - Tommy Emmanuel, Stochelo Rozenburg и Влатко Стефановски, кој ќе се одржи на 24-ти март во Универзална Сала - Скопје. Влезниците се по цена од 800 до 1000 денари, можат да се набават на билетарата на Универзална Сала, Цвеќара "Розе"- Веро 2 и музичката продавница "Југотон"-ГТЦ.

Супер гитарското трио "Kings of Strings", во Македонија ќе гостува во склоп на Европската турнеја, на која ќе се претстават со изведба на неколку различни музички жанрови, како и стилови на свирење на акустична гитара.

Tommy Emmanuel, светот го препознава како еден од најголемите гитаристи на денешнината, за што сведочат и сите признанија од магазините "Rolling Stone" и "Guitar Player", номинациите за "Grammy" и секако пофалните зборови од колегите со кои соработувал како Eric Clapton, Satriani, Steve Vonder или Steve Vai, кои пред неколку години изјави дека Emmanuel е "најдобар гитарист во светот". Можеби најголемото признание кое Tommy Emmanuel го има добиено од таткото на електричната гитара, легендарниот Les Paul, кој во 2008-та година, изјавува дека ги има сите предиспозиции да биде најдобар. И покрај сите пофалби Tommy со голема скромност зборува за учеството во проектот "Kings of Strings".
"Ова е голема чест за мене и бев премногу возбуден кога ми предлозиа да бидам дел од ваков состав. За Stochelo знам се, наназад многу години и секогаш имав голема желба да свирам со него, а кога го открив влатковото свирење бев воодушевен, во последно време научив многу работи од Влатко!"

Влатко Стефановски, дефинитивно синоним за гитара на Балканот, а и пошироко, секогаш од љубителите на музиката наречен легендарен гитарист од Македонија. Од формирањето на култната група "Леб и Сол", преку големите југословенски и светски турнеи, Влатко константно го дефинираше своето свирење и компонирање, низ различни стилови, од снажни рок рифови, до нестварно брзи џез делници и ритмички непарни песни од југот на Европа. Познат помеѓу своите колеги како искрен и вреден уметник, Влатко како автор на овие простори ги остави едни од најубавите песни "Чувам Ноќ од Будних","Као Какао","Таласна Дижина" или незаборавните гитарски изведби на традиционалните теми "Јовано, Јованке" и "Учи ме Мајко, Карај ме". Една од најпознатите теми на Влатко - "Gypsy Song" е дел од репертоарот на ова трио и ќе биде изведувана на целата турнеја. Соработката со двајцата врвни гитаристи Влатко ја доживува како големо признание.
"Требаше да поминат 40 години да стигнам овде каде што сум, да свирам со најдобире во светот. Се осеќам како, цело ова време да сум вежбал и не само свирел, туку и го изучувал животот"

Stochelo Rozenburg, веќе три децении ромската музика е дел од неговото музицирање и истражување, но на еден специфично оригинален начин, низ нeјзиниот свингерски, џез и "manouche" формат. Многу критичари сметаат дека во таа своја посветеност, Stochelo го поминал и својот идол, легендарниот Django Reinhar, иако гитара почнал да свири на свои 10 години, а првата голема награда ја освојува на 12 години во родната Холандија. Со своето трио "Rosenberg Trio" има издадено 16 албуми, а своето светско признание го добива во 1992-та година, кога од страна на најпрестижното светско гитарско списание "Guitar Magazine" ја добива наградата "Golden Guitar" со што и официјално станува еден од најдобрите гитаристи во светот.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Zip Travel maj2012
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник