Прочитано 10402 пати 1 коментари
First category (entire audience)

Новинарот Божиновски тврди: Тоше е жртва на завера!

„Сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во која загина Тоше Проески никогаш не се случила“, изјавил за хрватскиот портал „Index“, македонскиот новинар Зоран Божиновски, кој пристигнал во Загреб јавно да ги претстави деталите од неговото четиригодишно истражување за смртта на македонската музичка легенда.

„Да, сообраќајна несреќа, немаше, ниту тело за обдукцијата, тоа го тврдам последните три години. Уште во летото 2006-та година новата македонска власт, предводена од премиерот Никола Груевски, откри дека Тоше Проески со менаџерката Лилјана Петровиќ затаиле данок“, наведува Божиновски. А потоа продолжува: „Од декември 2006-та година целиот менаџерски тим на продукцијата на Тоше бил под истрага за перење пари од Кувајт. Според сите мои сознанија, тие требало да бидат уапсени кога ќе се вратат од Хрватска. Целата „несреќа“ кај Градишка беше само лоша филмска продукција“, изјавил новинарот за „Index“.

Паричните трансакции околу пејачот, наводно ги следела и македонската Дирекција за спречување перење пари и сите тие сознанија ги пренела на македонското обвинителство.

„Тужителот Јован Илиевски од декември 2006-та година до денес за тоа не покренал истрага, освен што на почетокот на информативен разговор биле повикани Тоше Проески, менаџерката Лилјана Петровиќ и продуцентот Ласто Николовски. Тогашната власт не направила ништо за да го оттргне пејачот од таквото опкружување, па го оставиле на милост и немилост на мафијашите“, раскажал Божиновски.

Македонскиот новинар, во изјавите тврди дека двапати бил претепан поради истражувањето за луѓе и сомнителни работи околу починатиот пејач иако во нашата земја го сметаат за неверодостоен извор, кој само бара медиумско внимание. Најавил и дека ќе ризикува и со десничарите, наведува дека владејачката гарнитура наводно сакала да му се одмазди на Проески затоа што пред пет години одбил да пее во изборната кампања.

„Одмаздата започна кога ВМРО победи на изборите и кога Гордана Јанкуловска стана министер за внатрешни работи“, открил новинарот кој воедно пишува и книга за смртта на Тоше Проески, која за него и ден денес е мистерија. Книгата наводно содржи елементи за улогата на политиката и мафијата во смртта на 27 годишниот пејач. Книгата за која зборува овој новинар светлината на денот треба да ја види во март 2012-та година.

Веста е превземена од српското издание на магазинот Свет. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
100%
Нервира
Slatkaristika teaser
Анајлиб
26.10.2011 21:56:33
Не ми е јасно како не се сеќавате на господинов " новинар " па ова е човекот кој збореше најлошо за Тоше кога беше емисијата на Кочишки веднаш после смртта на Тоше, уште тогаш се гледаше дека е алчен човек што сака само слава и се би направил за неа. Самиот се пофали дека крадел документи, и дека пробал да украде и од туарегот на Тоше некои документи што е срамота невидена. Искрено уште од тогаш го имама запомнето како одвратна личност и знаев дека ќе се врати, да си го одработи своето. Ако не верувате побарајте ја емисијата и се ќе ви стане јасно какво ѓубре е ццццц..... СРАМОТА Искрено сметам дека ова е најголема срамота и дека човеков нема никаков почит кон ништо , ни кон Тоше ни кон неговите родители ни кон кој било друг... ГОЛЕМА СРАМОТА Е ЧОВЕКОВ, јас лично студирам новинарство ама ваквите како овој ги сметам за подземје а не за новинари...
1 

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник