Прочитано 1364 пати 1 коментари
First category (entire audience)

Макфест една поинаква приказна...

На прагот на 26 то издание на Макфест, фестивалот на забавни мелодии почна со прес конференција. Го извлекоа редоследот на изведувачите а ги соопштија и правилата на овогодинешната игра. Еден по еден ги претставија новитетите на фестивалот кој што традиционално веќе 25 пати до сега се одржува во градот под Исарот. Новитети многу. На тендерот за фестивалот се пријавила само една продукција Нова Икс Идеа и затоа што ги исполнувале потребните услови веќе се потпишуваат како директори и организатори Јован Јованов и Кристијан Стефановски. Нема да влегуваме во детали, нив и онака ќе ги прочитате на официјалната веб страница www.makfest.com. Нови комисии ама стари и добропознати имиња. Нов бекстејџ за изведувачите и реновиран пресцентар за седмата сила. Кој ќе пее со дебитантите а кој влегува директно во популарните, дознајте на веб страницата. Ако не ви се брза, тогаш почекајте ја премиерата на фестивалот. 13, 14 и 15 октомври, сите патишта нека водат кон Штип. Затоа што тоа е градот од каде што Македонија и оваа година ќе ги одбере најдобрите забавни мелодии. А годинава забавата ќе продолжи и откако ќе се изгасат светлата на сцената. Организаторите се потрудиле естрадата и магијата од фестивалот да ја пренесат низ локалите во Штип. Ice Club ќе биде матичното место од каде ќе ве поздрават Суперхикс, Слаткаристика и Влатко Илиевски.И само тие. Во случај вашето име се најде на листата на изведувачите за една од трите вечери, тогаш неможе да се најде и како ексклузивен гостин – настапувач на штипското поднебје. И ова не е се...останатите детали за фестивалот, чекајте ги веќе утре на backstage.com.mk.   

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Zip Travel maj2012
tinanovaful
29.09.2011 20:11:20
Голема подршка за овој Македонски фестивал, малку се такви, ретки се кај нас.Со овој наш фестивал ја величиме македонската забавна музика, ги дознаваме песните кои подоцна стануваат хитови, и пеачите кои стануваат или веќе звезди.Браво за Штип кој е лулка на фестивалов.
1 

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник