Прочитано 787 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Македонија ги израмни силите со Шведска

Спортската сала „Чаир“ во Ниш местото каде што македонската ракометна репрезентација започна да ја пишува новата историја во ракометот. Иако резултатот по одиграниот прв натпревар на ова Европско ракометно првенство заврши 26: 26 за Македонија Шведска сепак македонските ракометари со огромна поддршка на голем број македонски навивачи кои специјално допатуваа за да ги бодрат покажаа дека одлично се подготвени за првенството, а со тоа и огромна надеж дека ќе ни се повтори она со Македонската кошаркарска репрезентација во Литванија.

Македонските навивачи присутни и на трибините во Ниш заедно со добро познатите навивачки песни и развиорените македонските знамиња голема поддршка за македонските ракометари. 19 часот и 30 минути стартуваше почетокот на натпреварот на Македонија против првиот противник од Б групата Шведска. Наумче Мојсовски ја имаше честа прв да ја затресе мрежата на противникот и да го поведе резултатот во корист на македонската ракометна репрезентација, веднаш по него се редеа, Алушовски и Лазаров. Нашата репрезентација одлично се снајде и во одбраната против Швеѓаните, иако имаше исклучувања почнувајќи со Бранислав Ангеловски, Стојанче Стоилов а потоа и Мојсовски, македонските ракометари успаа да постигнат и гол и да ја доведат Македонија во предност. Еден од досудениот седмерец не успеа Кире Лазаров да го реализира но веќе за вториот немаше утка. Одлично одиграно прво полувреме на македонските ракометари иако резултатот со еден разлика 14 : 13 беше во корист на Швеѓаните. Веќе во второто полувреме Алушоски го постигна првиот гол и го израмни резултатот 14:14. Следеше голема борба на паркетот, предноста од три гола не успеавме да ја задржиме, иако беа досудени шест седмерци за нашата екипа од кои беа искористени само три.
Се на се одлична игра на македонските ракометари, и супер поддршка на македонската публика која секако дека е одличен мотив за нашите ракометари. Бевме блиску до победа, но ништо не е загубено, веќе во вторник не очекува следниот противник тоа е Германија. Натпреварот можете да го следите во 18 часот и 10 минути на фрекфенција на Сител телевизија.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Zip Travel maj2012
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар
Stevo Jufka
15.01.2012 22:34:10
Коментарот е избришан заради нарушување на правилата за коментирање.
1 

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник