Водени од народната се мислевме дали ова крадењево може да го дефинираме како зло. Оти човекот имал намера да се распее и да ја развесели публиката е сега што го наградиле боже мој не е он крив...
Првото место на овогодинашниот Макфест му припадна на момчето викано Зоки, во официјалните анали потпишано како Зоран Илиевски., композиторот на песната е извесен Кире Јакимов, кој стои и зад текстот заедно со Панче Илиев(ќе да му е роднина на пејачот) аранжерот е Илија Коцевски а сето тоа е слепено и така фино плагијаторски направено во студиото Габровски...
Да не биде дека се ова го праиме од завидлк и љубомора еве доказ...
Е сега се уште не се распрашавме за правните процедури, колку такта или акорди како му му доаѓа тоа во музички речник, можат да бидат исти и што се случува доколку се утврди дека песната е плагијат дали на победникот ќе му се одземе наградата....