Дали судиите не ни го признаат голот од вчерашниот натпревар Македонија Германија?! На видеото кое излезе во сите медиуми јасно се гледа дека ударот кој што го зададе Кире Лазаров кој удри во стативата а потоа се одби од грбот на голманот на германската репрезентација а потоа влегува позади линијата на голот, е чист гол на Лазаров.
Веднаш по ова македонската ракометна репрезенатција поднесе тужба во која се наведува дека постои материјална повреда на правилата во дуелот со Германија и се бара прегледување на снимката од последниот удар на Кире Лазаров. Од ЕХФ се очекува да ја превземе одговорноста и да се изјаснат.
А во продолжение погледнете го видеото во кое јасно се гледа дека резултатот Македонија Германија можеше да заврши изедначен исто како оној со Шведска...