По информацијата дека манекенка од Македонија ќе биде дел од семејството „Victoria’s Secret“ тоа и се оствари. Тајната е откриена, Катерина Ивановска е новиот ангел. Оваа девојка ќе ја заменува бразилката Alessandra Ambrosio која поради блажената состојба ќе мора за одреден период да го напушти ова семесјтво.
Па како замена тука е нашето македонско девојче. Ова е одлична можност за убавата Ивановска да му покаже на светот дека има вистина во една наша македонска народна песна отпеана за македонските девојки.Но покрај „Victoruia’s Secret“ Ивановска стана заштитно лице и на шведскиот свески познат бренд H&M. Иако сме навикнати Катерина да ја гледаме со помалку облека на себе, овде таа се појавува во малку поинакво издание како вистиннска дама од вискота мода. Не дека е наше па да го фалиме, но навистинa светски изгледа и одлично и прилега. А, тоа ќе можете да го заклучите од фотографиите.