Прочитано 2796 пати
0 коментари
05.09.2011 22:04
Катерина Ивановска рамо до рамо со Адријана Лима
Македонката родена на 21-ви август 1988-та година, која со својата модна кариера започна во 2004-та година, и која со гордост чекори на модните писти низ големите модни центри, Катерина Ивановска најавува уште едно изненадување.
Провокативната Ивановска одсега својот сексипил ќе го истакнува во најпосакуваниот бренд за женска долната облека „Victoria’s Secret“.
Во едно интервју за еден веб портал таа објаснува дека четири години се обидувала да биде дел од „Victoria’s Secret“, со редовни кастинзи и упорност конечно се сликала позирајќи во долна облека што воедно било и еден вид тест, а сега веќе е и дел од главниот каталог на „Victoria’s Secret“.
Покрај оваа убава вест што ќе не направи горди што една македонка ќе биде дел од ангелите на „Victoria’s Secret“, Катерина Ивановска да потсетиме ја има и главната улога во новиот филм „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.
За истиот портал Ивановска објаснува и која е нејзината улога во филмот. Ќе ја глуми Ребека која е еврејка и е на иста возраст колку таа, вели дека е горда што ќе биде дел од една таква актерска екипа. Открива и дека започнала да учи ладино - јазикот кој го зборувале евреите.
Со нетрпение го очекуваме филмот, како што со нетрпение очекуваме да видиме како и стојат гаќичките и чорапчињата од „Victoria’s Secret“.