Прочитано 606 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Историјата на „Exit“

Почнувајќи симболично во барање на излез, група музички и демократски освестени млади, сакајки да пронајдат излез по 10 годишниот мрак во очи, по првите демократски избори во Србија. На Петроварадинската тврдина 100 дена прогласиле слободна музичка територија. Свесни дека можат да отидат во светот со музиката, светот сакале да го донесат кај себе.И така се родил Егзит.

Првобитно траел 9 дена за подоцна да се воспостави четиридневното фестивалско егзитување. Првиот го сметаат за нулти фестивал, а официјалното броење е од 2000 година, на првиот настапиле Кошин и Боб Синклер. Вториот со своето присуство го облагородиле Дејвид Моралес и Дарен Емерсон. Потоа се појавуваат имиња како Масив Атак, Нене Чери потоа Иги Поп, Роберт Плант,Били Идол, Секс Пистолс, Продиџи, Пет Шоп Боис, Франц Фердинанд, Молоко, Грабиџ а на мејнстејџот се искачиле и најголемите екс ју музички имиња како Психомодо Поп , Хладно Пиво. Еден од своите најзапаметени настапи имаше и нашиот Кирил Џајковски чие затворање во 2006 година и ден денес се зборува.

За време на фестивалот Нови Сад е главен град на Србија, многумина ќе кажат дека во тие четири дена Нови Сад е музичкиот центар на Европа. Статистиките велат дека фестивалот го посетуваат фанови од 50 држави меѓу кои во последните години најбројни се британците. Гостите на фестивалот обично трошат од 15 до 20 милиони евра, а секој Европјанин во Нови Сад остава по 425 евра, домашните туристи двапати помалку.

Од година во година бројот на странците се зголемува, а во последните години процентуално нив ги има многу повеќе отколку домашните и посетителите од екс ју земјите.

Фестивалот го следат и негативни муабети. А најчесто се поврзани за луѓето кои го посетуваат алудирајки на консументи на наркотички средства, како и за високите цени и се поголемиот фокус на заработувачката, а помало внимание на лајнапот. Но сепак Егзит фстивалот од година во година добива се поголеми и поголеми оцени, а магазините како Гардијан, Тајм и Опсервер, го ставиле во мапата на музички настани кои задолжително треба да ги посетите.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Slatkaristika teaser
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник