Прочитано 1226 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Драматичен крај на натпреварот Македонија-Данска

Уште еден драматичен натпревар приреден од македонската ракометна рапрезентација против Данска. Драматичен пресврт во завршницата Данците во последната секунда успеаа да ја затресат мрежата на нашиот гол, за да крајниот резултат заврши 33:32. Макеоднија во првото полувреме имаше разликата од шест гола, но веќе во второто полувреме  ракометарите како да се опуштија и Данците успаа да го израмнат резултатот. Искористивме три удари од седум метри упатени од нашиот најдобар стрелец Кире Лазаров. 
 
Македонските ракометари имаа одличен старт на овој натпревар со првиот гол на Наумче Мојсоски, а веднаш по него и Филип Лазаров. Темелков успеа да ја изреализира и првата контра за резултатот да изгледа 4:2. Во 18-та минута  и втората контра и резултат од 12:9 за Македонија. Веќе во 19-та минута Македонската ракометна репрезентација поведе со пет разлика, 14:9 со еден иргач помалку. Во второто полувреме Миркуловски го даде првиот гол и во 34-та минута беше изведен првиот седмерец од страна на Кире Лазаров. Но тоа не беше доволно за Македонија да дојде во предност. Во последната секунда на теренот во Белградската арена се случуавше вистинска драма откако Миркуловски не успеа да постигне гол, топката се најде во рацете на Данската репрезентација и во последната секунда Данците поведоа и победија со 33:32. Несрќна завршница на овој натпревар, иако победата ни беше многу блиску. Веќе во понедленик не очекува натпревар со Полска во 16 часот и 15 минути. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Zip Travel maj2012
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник