За следење на натпреварот Македонија-Србија навистина потребно беa многу нерви. Повторно напнат натпревар со голема доза на адреналин. Натпревар со помал број на голови но сепак Македонската репрезентација успеа да издвои победа над Србија 22:19.
Како и секој натпревар на македонската ракометна репрезентација, така и овој започна со прв гол на нашите ракометари, во втората минута Филип Лазаров прв ја затресе мрежата на противникот, а веднаш по него неговиот брат Кире Лазаров го даде вториот. Натпреварот се одвиваше гол за гол, и со изедначен резултат, но веќе во 14-та минута Македонија го поведе резултатот со 6:4. Во првото полувреме нашите ракометари успеаа да реализираат четири седмерци. Иако при крајот на натпреварот и двете репрезентации имаа тајмаут но некоја немаше промена во играта.
Второт полувреме малку поактивно и подинамично. Првото исклучување во редовите на Македонската репрезентација за Темеков, израмнување на резултатот имаше неколку пати но во 37-та минута повторно нашите ракометари го поведоа резултатот со 19:21. Одлична игра на нашите ракометари. Одбраната на Борко на почетокот од натпреварот и не му одеше од рака, но веќе во второто полувреме повторно ја оправда титулата „Министер за одбрана“. Македонската навивачка фаланга повторно најбројна на трибините во „Белградска Арена“, како морална поддршка за нашите ракометари. Успеавме и овој натпревар да го одиграме со големо срце и желба за победа, иако во редовите на нашата репрезентација имавме и повредени ракометари кои до крај се бореа за оваа победа. Веќе во петок не очекува уште еден натпревар против Словенија за да се избориме за петтото место на Европското Првенство. Уште еднаш да потврдиме дека сме најдобри и дека имаме одлична публика на која секој може да ни завиди.