Во 1997-та година ова беше Таип а почна како Паја во „Отпишани“ во 1974-та година..Се редеа приказни за „Војникот“, „Кошава“, „Само једном се љуби“, „Татко на службен пат“, „Тито и ја“, „Ми ни смо анџели“ до „Андерграунд“.
Незаменливиот Таип, лудиот Марко, неповторливиот Мики Манојловиќ згазна уште еден црвен тепих и зема уште една награда, за човек кој што растел пред филмската камера, зреел со должината на филмската лента, по втор пат се омажил на штиците што живот значат, не е доволно само да сакаш да снимаш...
Манојловиќ: „Да сакаш да снимаш не значи ништо. Многу будали сакаат да снимаат, па подоцна тоа и се гледа на екранот, ако воопшто дојдат до снимањето. Да бидеш присутен тука и колку-толку да бидеш креативен и да бидеш дел од материјалот од кој подоцна ќе излезе филм е многу важно“.
Бекстејџ: Желбата не трпи минимализам, филмот не трпи грешка, театарот импровизација, ретки се оние на кои природно им припаѓа правото на избор, претходен или последователен компромис, 1999-та година изборот падна на „Месар“..
Манојловиќ: „Тој филм го снимив за пари, со желба да излезе што подобар, но тој излезе таков каков што е!“
Бекстејџ: Мики Манојловиќ призна, за да пораснеш толку голем мораш да одбереш да работиш за пари, правото на избор не ти следува природно, доаѓа со годините, километрите, сценаријата што други ги пишуваат за тебе, суетите на режисерите, желбата на финансиерите...
Манојловиќ: „Мислам дека навистина нема правила, секој актер има свој пат и акдемијата и професорите можат само делумно да те оформат и подоцна да ти речат ајде сега оп...“
Бекстејџ: Албанецот Азем ја подгреа српската страст, Мими Манојловиќ реши сепак да го одржи зборот и ко од шала рече
Манојловиќ: „Јас подоцна се пошегував и реков дека на албанците не можеше да им се случи ништо подобро од тоа јас да играм нивни сонародник“
Бекстејџ: Иако подоцна премиерата во Приштина помина без големиот актер чие презиме завршува на „иќ“ и за тоа Мики ќе рече...
Манојловиќ: „Можеби во тој момент тоа не беше политички поволно“
Бекстејџ: Злосторство или казна, Мики знаеше да се вљуби во 20 години помладата студентка Тамара, но не и казна да го помине животот со неа...
Манојловиќ: „Не ни сонував дека за злосторството што го направивме тогаш казната ќе ја плаќаме и денес. Тамара тогаш беше студент, јас сум постар од нејзе 20 години и не ни сонував дека ќе бидеме поврзани животно засекогаш. Јас многу ја сакам и таа мене“
Бекстејџ: Денес го имаат 9 годишниот син Иван за кој големиот татко од актер нема што да му каже ако реши да го оди неговиот пат и да ги следни неговите чекори...
Манојловиќ: „Јас немам совет за актерите, тоа е една многу опасна работа. И можам само да им посакам среќа“
Бекстејџ: Кога во првата клапа од третата сцена сакаш да побегнеш некаде и не е така страшно, страшно е кога знаеш дека...
Манојловиќ: „Овде често се почнува од почеток, а рушевините се се поголеми. Така што тој почеток е се подлабок и понизок“
Бекстејџ: Ние нема да почнеме од почеток, приказната за големиот Мики Манојловиќ ќе ја завршиме во негов стил, сурова а сепак реална, со доза на оптимизам, ама многу поголем скептицизам...
Манојловиќ: „Човечкото непочитување почнува да наоѓа изговор така што нечесните сега веќе имаат и изговор“
Бекстејџ: Неговиот изговор за крај не е затоа што е нечесен, туку затоа што српскиот филмски свет има изговор...
Манојловиќ: „Нема веќе што да им помогнам, помагав колку што можев, ништо повеќе нема да правам на таа тема, ќе се занимавам со она што може да се разменува, неможам повеќе да вложувам само во други, време е да почнам да вложувам во себе“
Достоевски вели ако тргнеш кон крајот и притоа застануваш да фрлиш камен на секое куче што лае по тебе никогаш нема да стигнеш до крајот, ние стигнавме а камен не фативме!