Прочитано 3248 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Каролина: Ќе пеам на иста сцена со Ејми Вајнхаус!

На 13 Мај во Салата Борис Трајковски после цели 3 години Каролина одржа концерт. Голем концерт за паметење, убав настан за прераскажување, прекрасен момент за гордеење. Каролина со своите гости Владо Јаневски, Беј Д Фиш, Тавитијан Брадрс и Влатко Стефановски цели три часа ја држеше публиката на нозе.

Дури после три недели од одржаниот концерт во салата Борис Трајковски, Емоциите кај Каролина не стивнуваат....
 
 
- Многу ми е драго што концертот помина онака како што очекувавме сите бидејќи навистина целиот тим и мојот бенд и мојата продукциска куќа Авалон, и сите луѓе задолжени за организација и техничка изведба, буквално со секоја своја клетка дишевме за овој концерт. Се уште не стивнуваат честитките од луѓето кои ме среќаваат.

Backstage: После преполните сали од публика на концерти со ѕвезди од соседството, Каролина го обели образот на македонската музика. Какво е чуството?

- Најбитното од се е дека јас навистина се забавував, и многу ми е кеф што во исто време се забавуваше и публиката. Буквално публиката пееше со мене од првата до последната песна. Уживав во мојот концерт тоа ми е најважно.
Драго ми е и што сите весници односно 99 проценти објективно известуваа за концертот, драго ми и што моите гости се задоволни, и што публиката одлично изреагира на нив што значеше дека гостите ми биле вистински избор.

Backstage: Те фати ли трема, се исплаши ли дека можеби ќе кикснеш некаде. Бараше ли поддршка од твоите најблиски, барајќи ги со очите во публиката?

-Да. Ми значеше многу поддршката од другарките, тие беа во првите редови и ме бодреа, ми даваа сила. Но сепак поддршката ја имав во целата публика. Навистина сите искрено се забавуваа.

Backstage: Покрај семејството другарките, твојот верен соработник Цаци Паковска, беше присутна тука. Што заради твојот стајлинг, така и како твоја публика, колку ти е значајно нејзиното присуство ?

- Цаци е многу темпераментен лик и секогаш е тука да ми влее самодоверба, бидејќи јас понекогаш знам да паднам психички, да се чуствувам депресивно, а Цаци тогаш знае да ме дигне, да ме насмее, да ме расположи. И драго ми е што луѓе како неа и како моите долгогодишни соработници ги имам покрај себе.

Backstage: Концертот се снимаше, наскоро се очекува и ДВД издание од истиот. А после овој концерт Каролина продолжува турбо со своите обврски освен веќе испланираните настапи по клубови и мини концерти Каролина зедно со Беј д Фиш на 18 јуни ќе биде предгрупа на Ејми Вајнхаус во Белград...

- Драго ми е што ќе настапам пред Ејми, таа ми една од омилените артисти. Јас имав нејзин албум уште пред пет години, пред да стане толку популарна. Ја почитувам заради нејзините живи изведби, таа е артист кој може да импровизирира до бесвест и потоа повторно да се врати на вистинскиот тон. Нејзината екцентричност, нејзиниот изглед ја прави навистина генијална.

Backstage: Би посакала ли Каролина дует со неа ?

- Ах тоа е научна фантастика, можеме да мечтаеме само. Секако дека би сакала, но сепак Ејми е огромна ѕвезда.

Backstage: Кога сме веќе кај Белград, Каролина е обожувана и многу посакувана во Србија, ќе има ли концерт на тие простори ?

- Да веќе најавивме и во план ни е до крајот на годинава да се случи таму концерт. Поинтензивно на мое концертно претставување во Белград ќе работиме од септември и освен претставување на српските албуми, многу застапени ќе бидат и македонските народни песни, затоа што публиката во Србија секогаш одлично реагира на македонската староградска музика.

Backstage: И за крај кога ќе се омажи Каролина ?

- Толку многу го одговарав ова прашање што стварно ми се исцрпени сите одговори и веќе не знам ништо оригинално да кажам .

А Бекстејџ знае дека венчаницата ќе ја креира Цаци Паковска и дека за фризурата ќе биде задолжен Сретен. И секако на венчавката ќе има младоженец...

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Gurman Fest Plostad Makedonija 17-20 maj 2012 godina
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник