Интервјуто што го направивме со ова момче кое со своите емисии поставени на јутуб предизвика многу кликови, се случи во универзитетската библиотека. Саше се подготвуваше за своето следно интервју со профосерот Вeнко Андовски. Пристигна со големиот црвен автобус со број 12. Рече дека е јаден хамбургер и дека сега на полн стомак може да одговара.
Прво, а повикувајќи се на коментарите од луѓето кои се дипломирани новинари
прашавме, како регира на коментарите од типот на тоа дека е квази новинар, дека ја срами новинарската професија.
Саше: -Јас сум по професија електро инженер и мислам дека не ја брукам професијата новинар, напротив мислам дека ја враќам на позицијата кај што требаше таа да биде одамна.
1. Некој други рекоа дека еве го сака да се праи паметен зошто не е елоквентен како новинар, туку си вади некакви прашања
- Да , да сакам да се направам паметен.
2. И немаш никаков проблем со тоа?
-И, немам проблем со тоа.
3. Барем ти успева?
-Мислам дека да.
Саше му е име а Провокација презиме...-Јас сум природно провокативен и тие што ме знаат од средно училиште и од факултет знаат дека провокативноста е дел од мене, и затоа се трудам да бидам што попровокативен и да бидам што повеќе гледан.
4. По она што го го видовме на екран Саше е скаран со бон тонот, во однесување со
гостин или однесување на телевизија...Гостите не би требало да се навредуваат, ако веќе си ги викнал... -Гостин не смее да се навредува??...Не сум знаел. Ако е тоа бонтонот јас ќе се обидам нон стоп да го кршам тој бонтон. А, седењето е дефинитивно моја грешка, неискуството, тоа ќе се поправи.
5. Саше ни кажа дефиниција за актуелнните дебатни емисии ама се воздржа кога станува збор за конкуренцијата кон која цели...
-Супер- супер ултрна досадни, да ги гледаш некој треба да ти даде 100 евра, и да ти каже ти мораш да ги гледаш, и ти мораш, ќе се мачиш, ќе умреш од досада, и едвај некако ќе ја догледаш, дефинитивно не се интересни, прашањата се досадни, дури премногу стерилни, како да се работи за прес конференција на претседател на држава а не дебатна емисија, каде што треба да се каже нешто интересно, јас ова што го правам е чиста копија на американските емисии, пред се тука мислам на емисијата на Бил Марин Џон Стјуард каде има секогаш некои интересни моменти кои се прават по емисијата и си посреќен по емисијата, часот што си го изгубил си се изрелаксирал.
... Емисијата „Профил“ на Латас беше и сеуште мислам дека е најдобриот тв прозивод кој што можел да го направи, тоа беа фантастични емисии каде што тој порано правеше лом со своите гости, едноставно емисијата беше фантастична, одличен производ. Инаку кога веќе зборуваме за емисијата на Миленко или Јанко, и сите други емисии од тој тип што се малку поинтересни јас мислам дека тие многу добро го прават тоа и јас го следам нивниот пример со што давам своја индивидуалност во тоа.
6. По емисјата со Латас, многумина рекоа дека Латас го шамара Саше или обратно, се сметаш ли себеси за победник во таа емисија во таа дебата или Латас те спушти на земја?
-Мислам дека сам себеси се изненадив, колку емисијата беше фантастична, и колку јас добро се држев во тој дуел и мислам дека Латас го здробив, го смачкав.
7. А, за Боки 13 него го здроби или го избрка?
-Исто и со Боки помина исто како што планирав, одличен прозивод ќе се навратам на емисјата, мислам дека се помина одлично онака како што планирав, голем проблем ќе ми беше тој ако не заминеше, ќе ме ставеше во многу незгода ситуација, да мораше да го слушам 60 минути како ми вика Петре.
8 Ти не остана покус, ти си употреби такви зборови какви што не сме чуле до сега, можеби повеќето мислат така за Боки но никој не собрал храброст тоа да му го плесне во фаца? Не ти беше страв од Боки сепак е габаритен дечко?
-Дека ќе ми залепи некоја?..Страв имаше секако, имаше и со Латас страв јас незнаев како Латас ќе изреагираше на моите напади, јас мислев дека Латас ќе ја напушти емисијата, на пример. Боки е два пати поголем од Латас, два метри но во секој случај стравот и неизвесноста секогаш постои во секоја емисија, бидејќи е таква емисијата конфротирачка и седењето на масата, многу сме блиску еден до друг, така што тука има и некоја психичка тензија и тоа мислам дека делува емисијата да биде поинтересна во очите на гледачите.
9. Досега премиерот не си го поканил, не си пораснал за да го поканиш премиерот?
-Мислам дека премиерот е голем залак за секој новинар, мислам дека веќе сум подготвен иако незнам што би прашал и незнам емисијата на што ќе личи, но тоа е предизвик за секој новинар да го има интервју премиерот истиот случај е и со мене се надевам дека ќе имам интервју и со премиерот.
10. Имаше подготвителна фаза со Бучковски, тој е екс премиер, сакаш да го поканиш и Бранко, знаш што ќе го прашаш него?
-Тоа дефинитивно ќе бидат најинтересните емисии на Политико кога ќе гостува Бранко и премиерот, исто така планира да повикам и некои новинари кои мислам дека ќе прифатат, Мирка Велиновска, Јанко, Миленко сето тоа мислам дека ќе бидат фантастични изданија на „Политико“ и се надевам дека ќе ми се оставрат.
11. Што ќе го прашаш Бранко?
-Интервјуто на Бранко ќе личи на интервјуто со Бучковски, најверојатно критизерски, јас сум и се определив себеси како левичар и поради тоа мислам дека интервјуто со Брако ќе биде пожестоко затоа што тој не ги застапува вистинските левичарски идеи. И тоа ќе биде пожестоко отколку со некој десничар, бидејќи од него се очекува да го застапува она што е десничар. Но левичарите мене ми се поомлени бидејќи не ги застапуваат идеите и задачите што им се дадени.
По појавувањето на Саше како што обично бива нашиот народ почна да плете приказни кој го плаќа дечково...-Не сум платен од никого, може да се види и со фактот дека се возам со 12-ка, дека јадам хамбургери и дека сеуште немам свој автомобил, и сум обичен човек. Не сум платен од никого и никогаш нема ни да бидам, бидејќи тоа ќе се почувстува луѓето ќе забележат дека емисијата завзема страна, а сега се гледа дека емисијата стои точно на средина.
12. Колку заработуваш од тоа што го работиш?
-Многу многу минимално, бидејќи земам процент од спонзори и имам многу малку
спонзори, но се надевам со растот на гледаноста дека ќе дојдат уште повеќе спонзори и ќе порасне мојата финансиска надохнада.
13.Тогаш што те мотивира да останеш, бидејќи генерално тоа е што сакаш да покажеш на телевизија, но ако немаш средства тогаш можеш да се исфрустрираш и да не го правиш тоа толку добро, што те мотивира?
-Јас мислам спротивно, што повеќе ќе бидам платен ќе бидам полош новинар, кога ќе се доближам до таа голема сума што ја заработуваат големите новинарски имиња 2000-3000 евра јас нема да бидам тоа што сум сега. Ми замеруваат дека сум исфрустриран, јас мислам ако новинарн не е исфрустриран не е новнар, за да гризе во студио.
14.Тие што тебе ти се пример американците, позади нив постои огромна продукција кои се палтени, а ти учиш од нив ти мора да си приближно со нив барем со платата?
-Тоа тоа е тајна што неможам да ја разберам како може Џон Стјард и Бил Март да бидат толку жестоки и мотивирани а заработуваат милионски суми, тоа е фасцинантно, јас се надевам дека ќе го задржам истиот квалитет и кога ќе бидам платен, но тогаш многу тешко ќе ми биде, ќе имам некој луксузен живот ќе имам супер автомобил, нема да знам како им е на сиромашните луѓе, сега се движам помеѓу нив, се возам во автобус, одам на пазар ги трпам истите работи што ги трпи и обичниот народ. А тогаш ќе бидам елитен ќе се движам во елитни кругови. Логично ми е по тоа да станам полош човек.
15.Мислиш дека оние новинари што сега земаат по 2000-3000 евра се лоши новинари?
-Неможам сега да ги анализирам од тој аспект, има добри новинари во Македонија од кој што учам, мој личен е Катерина Блажевска од Дневник, ја очекувам секоја нејзина колумна, Снежана Лупевска,Чомовски, Бранко Геровски иако во последно време не се сложувам со неговите ставови, но сепак имам голем репект кон него. Има новинари до кој што многу можеш да научиш и да ги респектираш иако се многу платени и се надевам дека за еден период луѓето во Македонија ќе можат и мене да ме респектираат како еден помеѓу најдобрите новинари. Мислам дека тогаш критиките ќе спласнат луѓето ќе се навикнат на мојот стил, ќе видат дека тоа не е знак на необразованост и некултурност,туку знак на искреност.
Тука некаде Саше ни одговори на прашањето како се дефинира себе си...Исто како Латас, арогантен и самобендисан...
16. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
- Сакам да бидам еден од неколкуте новинари чии емисии ќе се чекаат со нетрпение и кои ќе се дебатираат и кои што ќе дигаат тензија во државава и се надевам дека ќе ми успее тоа.
Освен ова Саше има и една друга амбиција:
Ги поддржувам ЛГБТ луѓето, иако после интервјуто со Боки многумина мислеа дека сум противник, јас сметам дека Боки е срам за овие луѓе бидејки ги претставува како кловнови а тие не се воопшто тоа...За да ја искажам својата поддршка јас би застанал на чело на геј парада, ако се организира во Македонија...
По ова морално беше да прашаме за Сашевата сексуална определба...
Јас сум стрејт, дури и претерувам во своето стрејтерство...
Го оставивме стрејтерот Саше во друштво на книгите на Андоновски, со констатација, Саше беше воздржан, многу по воздржан отколку кога е на негов терен во емисија. И да, на крајот рече...Јас никогаш нема да се продадам, ќе остананм истиот...
Ви се верува?