Прочитано 3965 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Антонија Морена: Редовно комуницирам со фан од Македонија

Атрактивната 22 годишна романска ар- ен- би пејачка Антонија Јакобеску или уште попозната како Антонија Морена. Родена е на 4-ти декември во Букурешт Романија, таа се преселила во Америка кога имала само пет години каде што таму живеела 13 години.

Антонија Морена македонската јавност имаше можност да ја види на еден од фестивалите кој што се одржа во Охрид , Бекстејџ накусо ќе ви го пренесе интервјуто направено со Антонија Морена...

Backstage: Најпрво, како се чувстуваш во Македонија кои се твоите впечатоци од нашата земја?
Антонија: Немав многу можност да прошетам, но од тоа што имав можност да го видам преубаво е, интересни луѓе и доста гостпоримлив народ.

Backstage: Со оглед на тоа дека имаш само 22 години, а веќе си ултра популарна насекаде, како се снаоѓаш со популарноста?
Антонија: Да имам само 22 години, но ми се допаѓа што сум популарна ми годи популарноста, се трудам да бидам многу блиску со моите обожавтели и да бидам во нивна близина бидејќи ми даваат некава посебна енергија, но и се чувстувам многу среќна помеѓу нив.

Backstage: Но, и ни откри нешто интересно....
Антонија: Имам и еден голем фан од Македонија со кој постојано комуницирам, неговото име е Никола, но неможам да се сетам на неговото презиме...

Backstage: Кога започна со твојата кариера кои се твоите први почетоци?
Антонија: Со музичката кариера започнав пред три години. Направив соработка со Том Боксер која резултираше со хитот „Roses and fire“ , потоа следеше „Morena“, ова се песните кои што многу добро беа прифатени од публиката ширум светот. Следната соработа ни беше со песната „Shake in Mamma“.

Backstage: Како настана песната „Morena“?
Антонија: Кога ја направив песната се заљубив во неа, и се молев...Дај Боже да им се допаѓа на луѓето. И, еве гледате навистина стана хит и сум многу задоволна.

Backstage: Со оглед на тоа дека имаш пораснато во Лас Вегас и Јута, имаше ли тоа некое влиајние врз создавањето на твојата музика?
Антонија: Фактот дека израснав во Лас Вегас и Јута место каде што се негува ар ен би и соул музиката, да секако, овие музички стилови имаа големо влијание врз мојата музичка кариера како и создавањето на музиката.

Backstage: Родена си во Букурешт, Романија, од твојата петта година живееш во Лас Вегас и Јута, како е да се живее таму?
Антонија: Прекрасно е се чусвтував слободна, средно училиште учев во Лас Вегас, а пред тоа живеев во Јута, но сепак поубаво се чувстував во Лас Вегас, таму ми беа сите пријатели.


Backstage: Бидејќи во твојата песна се обраќаш и пееш за девојка по име Морена, мислеше ли дека со лезбејските текстови се постигнува поголема популарност?
Антонија: Да навистина се популари, освен Кејти Пери која пееше дека штотуку бакнала девојка и дека тоа и се допанало, имаше и уште такви девојки како руското дуо Тату. Но, мојата песна не е таква, приказната во спотот требаше да биде само интересна приказна, но повеќето луѓе го сфатија погрешно, но во ред е лезбејските песни се доста популарни , но ви препорачувам некој да бидете лезбејки.

Backstage: Имаш едногодишна ќерка Маја, водено си мајка и си многу згодна убава и популарна како се наоѓаш во таа улога?
Антонија: Прекрасно чувство да си мајка, супер се снаоѓам многу ми помага мојата мајка. Но, не сум правта што има кариера и семејство кое е голем благослов да имаш дете.

Backstage: И, за крај колку си задоволна од македонската публика?
Антонија: Ауф, имав прекрасен настап, луѓето овде се прекрасни ме сакаат но и јас нив.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Slatkaristika teaser
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник