По титулата Плејбој зајачица, поранешната учесничка од реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ и открила на јавноста дека во потесниот круг на роднини има голем број на свештени лица, кои и дале благослов за се што работи, освен за сликањето за Playboy. За еден српски медиум открила дека за Божиќ се дружела со свешените лица кои ја познавале и нејзината мајка:„Не гледаат и тие ништо лошо во работите во кои се наоѓам, освен за соблекувањето за Plyboy но добро, секој има свој пат“, изјавила Сораја.
Нејзината мајка работела во црковна организација и била во добри односи со свештениците:„Сакаше нешто сосема понакво од мене. Јас не сум во таа приказна, а таа беше. Таа има свој избор, јас имам мој и тоа е тоа. Знам многу девојки кои од многу пристојни патријахални семејства, но нема полоши од нив, имаат многу момчиња, не бираат со кој ќе спијат, не бираат друштво, имаат многу пороци“, изјавила Сораја. Плејбои зајачицата изјавила дека на нејзините родители не им се допаднало тоа што таа вградила силикони.