Прочитано 1736 пати
0 коментари
04.12.2011 21:21
Сораја на средба со Hugh Hefner
Првиот дуел на српските кандидатки за титулата „Playmate of the year“ кој ќе се одржи вечерва на програмата на телевизија „Пинк“ , силите ќе си ги одмерат Сораја Вучетиќ и Андреа Ранковиќ.
За прв пат во Србија се одржува избор за „Playboy“ девојка на годината. Премиерниот избор на овој машки магазин ќе ги претстави убавиците од поранешна Југославија кои се имаат фотографирано за српското издание на овој магазин. Помеѓу учесничките се и девојките кои оваа година се сликале голи како Сораја Вучетиќ, Анастасија Буџиќ, Андреа Ранковиќ, Исидора Иванчевиќ, Уна Грујиќ и други.
Во шест емисии кои ќе се одржуваат во сабота навечер во специјални финални емисии со почеток од јануари 2012 –та година на ТВ Пинк гледачите на специфичен и многу атрактивен начин, ќе ги претстави ширум светот популарните „зајачици“. Девојките ќе раскажуваат за себе и нивните навики низ различни ситуации, низ прилози со фотографии за „Playmate“ каталог, интервјуа на нивни пријатели, членови на семејството. За сите кандидатки кои се во трка за титулата ќе може да гласа публиката SMS порака.
Според анкетите и форумите на интернет, старлетата и поранешна учесничка во „Големиот брат“ Сораја засега стои на најдобра позиција за разлика од другите кандидатки, што можеби е поради нејзиното учество во популарното шоу. Победничката на овој серијал ја очекува вредна парична награда и пат до Лос Анџелес каде што ќе има можност да се запознае со сопственикот на „Playboy“ Hugh Hefner.