Прочитано 1487 пати
0 коментари
12.12.2011 21:04
Сораја ја заслужува титулата Playboy зајачица
Поранешната станарка од куќата на „Големиот брат“ подготвена е на се за да биде Playboy девојка на годината. Каде и да се појави Сораја Вучелиќ со нејзините бујни силиконски атрибути кои знае вешто да го спакува во минијатура, предизвикува внимание.
Токму таква била неодамна на забавата во организација на „Playboy“ во Белград во златен фустан со кој успеала да ги истакне нејзините бујни гради кои малку повеќе излегувале од престегнатиот корсет. Исто така Сораја добро се забавувала и облечена во градник и секси гаќички каде заедно со останатите зајачици се „тепале“ со перници од кои излегувале пердуви. Тогаш изјавила дека во текот на тридневното снимање, некои од девојките вистински се степале затоа што биле љубоморни една на друга бидејќи секоја од нив сака да е победничка. За подобро да биде подготвена за следната епизода од серијалот „Playboy Playmate of The Year“ Сораја неодамна уживала во масажата.
„Треба да победам на натпреварот за титулата најубава зајачица затоа што тоа сум јас, освен што совршено изгледам физички и психички сум здрава. Моите атрибути се оние кои се бараат. Мислам дека ја заслужувам таа титула со почит кон останатите натпреварувачки, бидејќи имам совршено тело. Како што би се рекло, јас сум целосен пакет“, изјавила Сораја кога и било поставено прашањето зошто токму таа треба да ја добие титулата најубава зајачица.
Сораја заедно со уште осум кандидатки се бори за титулата Playboy девојка, а жирито кое ги дели поените е составено од уредникот на меѓународното издание на Playboy, кое треба да одбере само една девојка.