Прочитано 1266 пати
0 коментари
22.02.2012 12:40
Саша Ковачевиќ и Милица уживаат на Тајланд
Популарниот поп пејач, кој важи за најпосакуван на српската забавна сцена Саша Ковачевиќ решил оваа година од календарот да ја избрише зимата. Тој заминал на одмор на егзотичен остров каде поминал две недели на Тајланд уживајќи во убавините на островот.
Ковачевиќ на островот бил заедно во друштво на неговиот брат, композиторот Раде Коавчевиќ и неговата девојка, пејачката Милица Тодоровиќ. Популарниот музичар одбрал најдобар период од годината за одмор, за да ги одбегне ниските температури и мразот во Белград.
На веселата екипа која змаианла на одмор подоцна им се придружил и пејачот Дарко Филиповиќ. Поголем дел од времето на одморот го поминувале на плажа и уживале во коктелите. Саша покрај уживањето во природната убавина, златните палжи и палми искористил да се фотогарфира со животните кои ги обожава, едно од тие бил и зелениот гуштер. Сигурни сме дека по враќањето во Србија на Ковачевиќ малку потешко ќе му оди со аклиматизацијата, но најважно е дека ги наполнил батериите. Следно му останува да се фрли на работа и неговите обожавателки да ги изненади со нешто ново.